Connect with us

Форекс

Кои банкарски акции забележаа висок пораст на вредноста во месец јули?

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец јули 2021 година.

Вкупниот промет е намален во однос на претходниот месец за 31,14 проценти, но и покрај тоа имаше одредени компании кои котираат на берзата да забележат пораст на вредноста на своите акции.

Слично како и претходните месеци, едни од најатрактивните акции се банкарските и интересот за нив е најголем. Во месец јули за акционерите најпривлечни беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје и на НЛБ Банка АД Скопје.

Вредноста на акциите на Комерцијална банка АД Скопје порасна за 10,55 проценти. Просечната цена на акциите на оваа банка во месец јули изнесувала 9.727,08 денари, додека во јуни просечната цена изнесувала 8.798,75 денари.

Солиден пораст од 5,40 проценти забележаа и акциите на НЛБ Банка АД Скопје, односно достигнаа просечна цена од неверојатни 23.284,62 денари.

Зголемувањето на вредноста на акциите на овие две банки продолжи и во месец август, а тоа пред се се должи на најавената исплата на дивиденда за акционерите.

Тргувањето на Македонска берза со месеци наназад покажува дека банкарските акции се најатрактивни за инвеститорите.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Објавено

на

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање

Популарно