Форекс
Кои банкарски акции забележаа висок пораст на вредноста во месец декември?


Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец декември 2021 година.
Вкупниот промет е намален во однос на претходниот месец за 31,61 проценти, но и покрај тоа имаше одредени компании кои котираат на берзата да забележат пораст на вредноста на своите акции.
Слично како и претходните месеци, едни од најатрактивните акции се банкарските и интересот за нив е најголем. Во месец декември за акционерите најпривлечни беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје и на Стопанска Банка АД – Скопје.
Вредноста на акциите на Комерцијална банка АД Скопје порасна за 10,06 проценти. Просечната цена на акциите на оваа банка во месец декември изнесувала 11.725,93 денари, додека во ноември просечната цена изнесувала 10.654,24 денари.
Солиден пораст од 5,78 проценти забележаа и акциите на Стопанска Банка АД – Скопје, односно достигнаа просечна цена од 1.373,27 денари.
Тргувањето на Македонска берза со месеци наназад покажува дека банкарските акции се најатрактивни за инвеститорите.
Форекс
Пад на акциите на европските берзи во пресрет на седницата на ЕЦБ


Вредноста на акциите на европските берзи денеска бележат пад, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици во пресрет на состанокот на лидерите на Европската централна банка, од кој се очекува да бидат најавени зголемувањата на каматните стапки, имајќи ја предвид рекордната инфлација во еврозоната. (more…)
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во мај?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.05.-31.05.2021 година вкупниот промет изнесува 577.516.979 денари и е намален за високи 40,11% во однос на претходниот месец април. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје