Connect with us

Форекс

Кои акции ја зголемија својата вредност на последниот ден за тргување на Македонска берза?

Објавено

на

Кризата предизвиката на опасниот вирус Ковид-19 познат како коронавирус нанесува огромни штети во секоја сфера на стопанството. Кризната состојба во целиот свет влијае крајно негативно врз светските берзи, а негативни последици се воочливи и на Македонската берза каде веќе извесен период акциите на најголемите македонски компании бележат надолен тренд.

Сепак, дека не е се така црно на нашата берза, покажува растот на дел од акциите во текот на вчерашниот последен ден за тргување на берзата.

Последниот ден за тргување на Македонска берза беше во знакот на растот на вредноста на компаниите, а најголем пораст на вредноста забележаа банкарските акции на Стопанска банка АД Битола и Стопанска банка АД Скопје кои забележаа раст од високи 5,00% односно 4,97 проценти.

Пораст на вредноста на акциите забележаа и Алкалоид АД Скопје од 3,17%, НЛБ Банка АД Скопје од 2,15%, Гранит АД Скопје од 1,38%, а раст имаше и кај акциите на Комерцијална банка АД Скопје кои ја зголемија својата вредност за 1,37%.

Покрај акциите кои забележаа зголемување на својата вредност, имаше и компании кои ја загубија својата вредност на последниот ден за тргување. Најпогодени од падот беа акциите на Макпетрол АД Скопје кои забележаа пад на вредноста од 2,32%, а намалување на вредноста имаше и кај акциите на ТТК Банка АД Скопје, чиишто акции ја намалија својата вредност за 1,13%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6950 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.8985 денари, британската фунта изнесува 66.9870 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.3570 денари.

Форекс

Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,89 тони. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на DAX индексот на 40 компании

Објавено

на

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на бројот на компании кои котираат во „DAX” индексот. Берзата предложи зголемување од досегаѓните 30 на 40 компании, истовремено предложувајќи заострување на условите за котација. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец септември

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно