Connect with us

Анализи

Кои акции се вивнаа во последните 10 години – Кој е шампион со раст од 232%?

Објавено

на

Вложувањето во акции за дел од инвеститорите е краткорочна активност со планирање на приходи од дивиденди за неколку години пред да се донесе одлука што понатаму со хартијата од вредност.

Гледано и според светските искуства пазарот на капитал може да биде нестабилен, но и брзите промени во технологијата носат и целосни измени во самите индустрии па некогашни гиганти пропаѓаат преку ноќ.

Но, какви резултати покажаа акциите на македонските топ компании кои котираат на берзата во последните десет години? Доколку ја следиме вредноста на акциите на најуспешните акционерски друштва можеме слободно да заклучиме дека е исплатливо да се вложува во акции со диверзифицирано портфолио за распределба на ризикот.

Според податоците до кои дојде Банкарство.мк во последните десет години има и тоа како компании кои драстично ја зголемиле вредноста на нивните акции кои се удвоиле и триплирале. Треба да се напомене дека ова е преглед на пазарната вредност на самите акции, а не и на годишната исплата на дивиденда, а со тоа и капитална добивка од вложените средства во хартиите од вредност.

Доколку на пример во 2009 година сте купиле 10 акции од Стопанска банка АД – Скопје денес вкупната вредност на вашето портфолио би изнесувало 11.160 денари, а за нив пред 10 години би платиле 3.000 денари, бидејќи тогаш вредноста на една акција изнесувала 300 денари.

Топ 5-те највредни акции во последните десет години својата вредност до денес ја зголемиле речиси тројно, а останатите пет компании во топ 10 вредноста ја зголемиле речиси двојно повеќе.

Како што наведовме вредноста на акциите на Стопанска банка АД – Скопје се вистински шампион гледано според скокот кој го направиле во последните 10 години со неверојатен раст од дури 286%.

Акциите на банките се доста примамливи, а тоа го покажува и движењето на вредноста на акциите на НЛБ Банка кои од 2009 година до денес вредноста ја зголемиле за 232%. Така, ако пред 10 години сте купиле на пример 10 акции и сте платиле за нив 50.000 денари, денес вашата вредност би изнесувала 166 илјади денари или три пати повеќе.

Прилепска пиварница АД Прилеп важи за една од компаниите со постојан раст на добивката и исплатената дивидена. Така пред 10 години оваа компанија на берзата котирала со вредност на една акција од 13.000 денари. Денес, вредноста е зголемена за 200%, односно една акција за да ја купите ќе треба да платите 39.100 денари. Така, според инвестициското сценарио за 10 акции во 2009 година би издвоиле 2 илјади евра, за денес вашето портфолио да достигне вредност над 6 илјади евра.

Тетекс како еден од најкомпетентните македонски конфекциски брендови речиси секоја година ги радува своите акционери со солидни дивиденди, а успешноста се покажува и со континуираниот раст на вредноста на акциите. Во 2009 година акцијата на Тетекс имала вредност од 900 денари и направила огромен напредок со раст од 168%. За вложени 9.000 денари во 2009 година, денес вашата „сметка“ би тежела нешто над 24 илјади денари или за 2,5 пати повеќе.

Топ пет листата ја заокружува уште една банка која од неодамна е дел од Шпаркасе групацијата. Станува збор за Охридска банка АД Скопје која бележи раст на вредноста на акциите од 112% во последните 10 години. Во 2009 една акција на Охридска банка чинела 2,899 денари, за денес вредноста да е поставена на 6.150 денари. Така, ако во 2009 година сте купеле 10 акции од Охридска банка денес нивната вредност би изнесувала двојно повеќе.

Во топ 10 акции со најголем раст на пазарот на капитал во последните 10 години влегуваат и Алкалоид Скопје со раст од 103%, УНИ Банка со 91,6%, Комерцијална банка АД Скопје ја зголемила вредноста на акциите за 87%, Македонија турист има раст од 81,6%, додека пак Осигурување Македонија АД Скопје има раст на вредноста од 81,2%.

*Вредноста на акциите се однесува на моментот на пишување на оваа анализа.

Анализи

Оштетените штедачи во Еуростандард со апел: Актерите во пропаѓањето на банката да добијат оскар!

Објавено

на

Оштетените штедачи на Еуростандард Банка преку соопштение доставено до редакцијата на Банкарство се обраќаат до јавноста со цел, како што велат тие да го започнат процесот на известување на јавноста за сите детали во врска со пропаѓањето на Еуростандард банка.  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Кризата предизвикана од КОВИД-19 најмногу ги погоди граѓаните со ниски приходи

Објавено

на

Кризата предизвикана од Ковид-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Главни акценти за периодот јануари – септември 2020 година на Македонска берза

Објавено

на

Вкупниот берзански промет по сите основи од почетокот на годината до 30 септември изнесува околу 113 милиони евра, што претставува зголемување од 24% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 91 милиони евра. Во тие рамки прометот со акции во БЕСТ системот во овој период изнесува околу 78 милиони евра и е за 78% поголем во однос на истиот период 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно