Connect with us

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во мај?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.05.-31.05.2020 година вкупниот промет изнесува 476.045.890 денари и е значително намален за 36,99% во однос на претходниот месец април.

Класичното тргување изнесува 428.308.574 денари и е намалено во однос на април за високи 34,31%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 304.997.127 денари и обврзници во вредност од 123.311.447 денари.

Блок трансакциите во мај изнесувале 47.737.316 денари и бележат раст од 60,88%.

Бројот на трансакции во мај изнесувал 1.436, односно 1.259 трансакции помалку во однос на април, со што бележи намалување од 46,72%.

Според бројот на трансакции, идентично како и претходните пет месеци, најтргувани акции на официјалниот пазар за мај беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 399 трансакции, пред акциите на Гранит АД Скопје со вкупно 256 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Алкалоид АД Скопје со 194 трансакции.

Според количината на истргувани акции, најтргувани беа акциите на Гранит АД Скопје со високи 63.349 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Македонски Телеком АД Скопје со 14.944, а акциите на Комерцијална банка АД Скопје го заземаа третото место со 13.082 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за мај 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Руската вакцина ја сруши цената на златото и среброто

Објавено

на

Цените на скапоцените метали забележаа драстичен пад на азиските пазари во текот на минатата вечер. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Аналитичарите проценуваат дека една унца злато ќе достигне вредност од 4.000 долари до крајот на годината

Објавено

на

Цената на златото изминативе денови се искачи на рекордно ниво коешто не е забележано уште од септември 2011 година, бидејќи инвеститорите се насочуваат кон безбедни инвестиции поради високиот степен на глобална неизвесност, а златото секогаш се смета за најсигурна и најбезбедна инвестиција. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот зајакна во однос на еврото и швајцарскиот франк

Објавено

на

Доларот ја зголеми својата вредност во однос на еврото и на швајцарскиот франк на меѓународните пазари на валути, бидејќи инвеститорите се фокусираа на американската помош во време на корона кризата и на ескалацијата на тензиите меѓу САД и Кина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно