Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јули?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.07.-31.07.2022 година вкупниот промет изнесува 430.542.437 денари и бележи благ пораст од 0,97% во однос на претходниот месец јуни.
Класичното тргување изнесува 205.067.875 денари и бележи намалување во однос на јуни за високи 39,60%.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 185.549.414 денари и обврзници во вредност од 19.518.461 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.
Блок трансакциите во јули изнесувале 225.474.562 и бележат висок пораст од 174,21%.
Бројот на трансакции во јули изнесувал 910, односно 387 трансакции помалку во однос на јуни, со што бележи намалување од 29,84%.
Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за јули беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 313 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 187 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 61 трансакции.
Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е РЖ Економика АД Скопје со 42.788 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Макстил АД Скопје со 29.486 истргувани акции, а акциите на Стопанска банка АД – Скопје го заземаа третото место со 7.536 истргувани акции.
Целосниот месечен статистички билтен за јули 2022 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Откако достигна повеќегодишен максимум, доларот почна да ја губи вредноста во однос на другите валути


Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на пазарот бележи намалување. (more…)
Форекс
НИТУ НАЈДОБРИОТ ФОНД НЕ Е ИМУН НА КРИЗАТА – Инфлацијата и стравот од рецесија ја стопија заработката на норвешкиот пензиски фонд


Норвешкиот пензиски фонд денеска соопшти дека за првите шест месеци остварил загуби во инвестициите од 174 милијарди долари, последица на опотоварувањето на акциите предизвикано од стравувањата од глобална рецесија. (more…)
Форекс
Изработката на првите банкноти се одвивала рачно, симболите го отсликуваат нашето културно-историско минато


Секој симбол на македонската банкнота си има свое посебно значење и ја отсликува нашата историја со која можеме да се гордееме. За изработката на првите бонови беше потребно многу време. Имав многу непроспиени ноќи, но и голема одговорност, вели дизајнерот на првите македонски пари Борче Тодороски за „МИА”. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје