Connect with us

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јуни?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.06.-30.06.2022 година вкупниот промет изнесува 426.407.266 денари и е намален за високи 26,17% во однос на претходниот месец мај.

Класичното тргување изнесува 339.514.850 денари и бележи намалување во однос на мај за високи 31,82%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 244.570.048 денари и обврзници во вредност од 94.944.802 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.

Блок трансакциите во јуни изнесувале 82.226.872 и бележат зголемување од 3,34%.

Бројот на трансакции во јуни изнесувал 1.297, односно 390 трансакции помалку во однос на мај, со што бележи намалување од 23,12%.

Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за мај беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 336 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 253 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 91 трансакции.

Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Макстил АД Скопје со 16.228 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Македонски Телеком АД Скопје со 8.533, а акциите на Комерцијална банка АД Скопје го заземаа третото место со 7.675 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за јуни 2022 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Објавено

на

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот со секој нов ден ја зголемува својата вредност!

Објавено

на

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните 20 години. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Најмоќната берза во пад петти ден по ред

Објавено

на

На Волстрит во понеделникот берзанските индекси паднаа петти ден со ред, при што „Dow Jones” потона, бидејќи вложувачите стравуваат дека агресивното зголемување на клучните каматни стапки на американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ја турнат економијата во рецесија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно