Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во мај?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.05.-31.05.2021 година вкупниот промет изнесува 577.516.979 денари и е намален за високи 40,11% во однос на претходниот месец април.
Класичното тргување изнесува 497.949.423 денари и бележи намалување во однос на април за 14,44%.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 489.718.003 денари и обврзници во вредност од 8.231.420 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.
Блок трансакциите во мај изнесувале 79.567.556 и бележат драстично намалување од 79,19%.
Бројот на трансакции во мај изнесувал 1.687, односно 166 трансакции помалку во однос на април, со што бележи намалување од 8,96%.
Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за мај беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 493 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 446 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на НЛБ Банка АД Скопје со 124 трансакции.
Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Гранит АД Скопје со 35.984 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 14.470, а акциите на Македонски Телеком АД Скопје го заземаа третото место со 9.604 истргувани акции.
Целосниот месечен статистички билтен за мај 2022 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Цената на нафтата надмина 116 долари за барел


Цените на нафтата денеска пораснаа на трета последователна трговска сесија поради неизвесностите поврзани со глобалното производство, кои се закануваат дополнително да ја заострат понудата на пазарот. (more…)
Форекс
Пад на акциите на европските берзи во пресрет на седницата на ЕЦБ


Вредноста на акциите на европските берзи денеска бележат пад, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици во пресрет на состанокот на лидерите на Европската централна банка, од кој се очекува да бидат најавени зголемувањата на каматните стапки, имајќи ја предвид рекордната инфлација во еврозоната. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје