Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во декември?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.12.-31.12.2021 година вкупниот промет изнесува 840.414.353 денари и е намален за 31,61% во однос на претходниот месец ноември.
Класичното тргување изнесува 754.690.781 денари и бележи зголемување во однос на ноември за 69,56%.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 431.449.081 денари и обврзници во вредност од 323.241.700 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.
Блок трансакциите во декември изнесувале 85.453.250 и бележат високо намалување од 89,10%.
Бројот на трансакции во декември изнесувал 1.658, односно 68 трансакции повеќе во однос на ноември, со што бележи зголемување од 4,28%.
Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, убедлив лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за декември беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 600 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 250 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Гранит АД Скопје со 121 трансакции.
Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Гранит АД Скопје со 19.382 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 15.925, а акциите на Стопанска банка Скопје АД – Скопје го заземаа третото место со 13.421 истргувани акции.
Целосниот месечен статистички билтен за декември 2021 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Пад на акциите на европските берзи во пресрет на седницата на ЕЦБ


Вредноста на акциите на европските берзи денеска бележат пад, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици во пресрет на состанокот на лидерите на Европската централна банка, од кој се очекува да бидат најавени зголемувањата на каматните стапки, имајќи ја предвид рекордната инфлација во еврозоната. (more…)
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во мај?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.05.-31.05.2021 година вкупниот промет изнесува 577.516.979 денари и е намален за високи 40,11% во однос на претходниот месец април. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје