Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во септември?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.09.-30.09.2021 година вкупниот промет изнесува 615.657.953 денари и е намален за високи 78,01% во однос на претходниот месец август.
Класичното тргување изнесува 503.426.341 денари и бележи намалување во однос на август за 27,71%.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 430.550.084 денари и обврзници во вредност од 72.876.257 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.
Блок трансакциите во септември изнесувале 74.210.068 и бележат намалување од 96,46%.
Бројот на трансакции во септември изнесувал 2.105, односно 67 трансакции повеќе во однос на август, со што бележи намалување од 3,29%.
Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, убедлив лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за септември беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 672 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 391 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 164 трансакции.
Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Гранит АД Скопје со 23.694 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Стопанска банка Скопје АД – Скопје со 17.816, а акциите на Македонски Телеком АД Скопје го заземаа третото место со 15.118 истргувани акции.
Целосниот месечен статистички билтен за септември 2021 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Руската рубља ќе стане официјална валута во дел од украинските градови


Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1-ви мај, објавија руски државни медиуми. (more…)
Форекс
Доларот опасно му се приближува на еврото!


Еврото утринава падна на најниско ниво во последните пет години од 1,05890 долари, откако руски „Газпром” соопшти дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Падот под 1,06 долари за прв пат по пет години во однос на генерално силниот американски долар доаѓа поради зголемената загриженост околу енергетската безбедност и забавувањето на растот во Кина и Европа. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје