Connect with us

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јули?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.07.-31.07.2021 година вкупниот промет изнесува 1.067.030.168 денари и е намален за 31,14% во однос на претходниот месец јуни.

Класичното тргување изнесува 483.320.024 денари и бележи намалување во однос на јуни за 10,24%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 456.228.265 денари и обврзници во вредност од 27.091.759 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.

Блок трансакциите во јули изнесувале 583.710.144 и бележат намалување од 42,26%.

Бројот на трансакции во јули изнесувал 1.320, односно 91 трансакции помалку во однос на јуни, со што бележи намалување од 6,45%.

Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за јули беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 610 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 151 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Гранит АД Скопје со 136 трансакции.

Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Гранит АД Скопје со 35.036 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 23.903, а акциите на Стопанска банка АД – Скопје го заземаа третото место со 7.212 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за јули 2021 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

На „Инвеститорскиот ден“ најмногу склучени трансакции на Берзата во 2021 година

Објавено

на

Втора година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“ на којшто сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до 10.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПОТОНАА откако измина последниот ден со право на дивиденда!

Објавено

на

Акциите на Комерцијална банка АД Скопје со месеци наназад важат за убедливо најатрактивните и најтргуваните акции на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои банкарски акции забележаа висок пораст на вредноста во месец јули?

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец јули 2021 година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно