Connect with us

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јуни?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.06.-30.06.2021 година вкупниот промет изнесува 1.549.452.344 денари и е драстично зголемен за неверојатни 227,67% во однос на претходниот месец мај.

Класичното тргување изнесува 538.444.769 денари и бележи зголемување во однос на мај за 37,48%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 478.038.439 денари и обврзници во вредност од 60.406.330 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.

Блок трансакциите во јуни изнесувале 1.011.007.575 денари и бележат енормно зголемување од 1144,77%.

Бројот на трансакции во јуни изнесувал 1.411, односно 112 трансакции помалку во однос на мај, со што бележи намалување од 7,35%.

Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за јуни беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 332 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 319 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 117 трансакции.

Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Македонски Телеком АД Скопје со 388.528 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Стопанска банка АД – Скопје со 18.554, а акциите на Гранит АД Скопје го заземаа третото место со 15.042 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за јуни 2021 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Објавено

на

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот со секој нов ден ја зголемува својата вредност!

Објавено

на

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните 20 години. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Најмоќната берза во пад петти ден по ред

Објавено

на

На Волстрит во понеделникот берзанските индекси паднаа петти ден со ред, при што „Dow Jones” потона, бидејќи вложувачите стравуваат дека агресивното зголемување на клучните каматни стапки на американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ја турнат економијата во рецесија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно