Connect with us

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во април?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.04.-30.04.2021 година вкупниот промет изнесува 686.557.257 денари и е намален за 9,37% во однос на претходниот месец март.

Класичното тргување изнесува 530.254.240 денари и бележи зголемување во однос на март за 24,97%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 509.908.506 денари и обврзници во вредност од 20.345.734 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.

Блок трансакциите во април изнесувале 156.303.017 денари и бележат значително намалување од 53,09%.

Бројот на трансакции во април изнесувал 1.681, односно 215 трансакции повеќе во однос на март, со што бележи зголемување од 14,67%.

Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за април беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 329 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 309 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Гранит АД Скопје со 216 трансакции.

Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Гранит АД Скопје со 84.603 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 11.168, а акциите на Стопанска банка АД – Скопје го заземаа третото место со 10.268 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за април 2021 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Објавено

на

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање

Популарно