Connect with us

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2021 година вкупниот промет изнесува 757.514.703 денари и е значително намален за високи 45,52% во однос на претходниот месец февруари.

Класичното тргување изнесува 424.295.968 денари и бележи висок пад во однос на февруари за 57,76%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 321.690.974 денари и обврзници во вредност од 102.604.994 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.

Блок трансакциите во март изнесувале 333.218.735 денари и бележат намалување за 13,70%.

Бројот на трансакции во март изнесувал 1.466, односно 1.070 трансакции помалку во однос на февруари, со што бележи намалување од 42,19%.

Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, апсолутен лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за март беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 408 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 236 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 144 трансакции.

Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Макстил АД Скопје со 65.572 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 16.580, а акциите на Гранит АД Скопје го заземаа третото место со 9.856 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за март 2021 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец март

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец март 2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза повторно го продолжи бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

Објавено

на

Одборот на директори на Македонска берза, на седницата одржана на 26.03.2021 година, одлучи продуктот на Берзата за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО заклучно со 30.06.2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фудбалските клубови и берзата – голеада на терен не значи и заработка на берзата!?

Објавено

на

Сите се согласуваме дека фудбалот е најважната споредна работа во светот, а голем процент од вљубениците во фудбалската игра ќе тврдат дека најважни се всушност парите. (more…)

Продолжи со читање




Популарно