Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јуни?

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.06.-30.06.2020 година вкупниот промет изнесува 445.771.892 денари и е намален за 6,36% во однос на претходниот месец мај.
Класичното тргување изнесува 376.561.482 денари и е намалено во однос на мај за 12,08%.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 293.017.457 денари, обврзници во вредност од 61.626.272 денари, како и други хартии од вредност во износ од 21.917.753 денари.
Блок трансакциите во јуни изнесувале 69.210.410 денари и бележат висок раст од 44,98%.
Бројот на трансакции во јуни изнесувал 1.546, односно 110 трансакции повеќе во однос на мај, со што бележи зголемување од 7,66%.
Според бројот на трансакции, идентично како и претходните шест месеци, најтргувани акции на официјалниот пазар за јуни беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 554 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 246 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Гранит АД Скопје со 148 трансакции.
Според количината на истргувани акции, втор месец по ред најтргувани се акциите на Гранит АД Скопје со 22.425 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 18.472, а акциите на Стопанска банка АД Скопје го заземаа третото место со 15.726 истргувани акции.
Целосниот месечен статистички билтен за јуни 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)
Форекс
Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје