Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во февруари?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.02.-28.02.2021 година вкупниот промет изнесува 1.390.563.281 денари и е зголемен за енормни 170,48% во однос на претходниот месец јануари.
Класичното тргување изнесува 1.004.456.344 денари и бележи огромен раст во однос на јануари за 155,37%.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 586.617.601 денари и обврзници во вредност од 417.838.743 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.
Блок трансакциите во февруари изнесувале 386.106.937 денари и бележат зголемување од високи 219,68%.
Бројот на трансакции во февруари изнесувал 2.536, односно 1.022 трансакции повеќе во однос на јануари, со што бележи зголемување од 67,50%.
Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, апсолутен лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за февруари беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 714 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 247 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Гранит АД Скопје со 217 трансакции пред акциите на НЛБ Банка АД Скопје кои имаа 215 трансакции.
Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Гранит АД Скопје со 75.742 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 25.143, а акциите на Стопанска банка АД – Скопје го заземаа третото место со 21.628 истргувани акции.
Целосниот месечен статистички билтен за февруари 2021 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец март


Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец март 2021 година.
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2021 година вкупниот промет изнесува 757.514.703 денари и е значително намален за високи 45,52% во однос на претходниот месец февруари. (more…)
Форекс
Македонска берза повторно го продолжи бесплатното користење на eTrader за инвеститорите


Одборот на директори на Македонска берза, на седницата одржана на 26.03.2021 година, одлучи продуктот на Берзата за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО заклучно со 30.06.2021 година. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите