Connect with us

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите на почетокот на новата 2021 година?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.01.-31.01.2021 година вкупниот промет изнесува 514.116.512 денари и е зголемен за 3,46% во однос на претходниот месец декември.

Класичното тргување изнесува 393.336.688 денари и бележи пад во однос на декември за 1,82%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 392.970.374 денари и обврзници во вредност од 366.314 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.

Блок трансакциите во јануари изнесувале 120.779.825 денари и бележат зголемување од 25,41%.

Бројот на трансакции во јануари изнесувал 1.514, односно 77 трансакции повеќе во однос на декември, со што бележи зголемување од 5,36%.

Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, апсолутен лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за јануари беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 574 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 237 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на НЛБ Банка АД Скопје со 207 трансакции.

Според количината на истргувани акции, исто така апсолутен лидер е Комерцијална банка АД Скопје со 22.746 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Гранит АД Скопје со 16.472, а акциите на Стопанска банка АД – Скопје го заземаа третото место со 6.633 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за јануари 2021 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец март

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец март 2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2021 година вкупниот промет изнесува 757.514.703 денари и е значително намален за високи 45,52% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза повторно го продолжи бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

Објавено

на

Одборот на директори на Македонска берза, на седницата одржана на 26.03.2021 година, одлучи продуктот на Берзата за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО заклучно со 30.06.2021 година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно