Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во декември?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.12.-31.12.2020 година вкупниот промет изнесува 496.930.924 денари и е зголемен за 58,65% во однос на претходниот месец ноември.
Класичното тргување изнесува 400.619.219 денари и бележи раст во однос на ноември за 65,51%.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 369.840.120 денари и обврзници во вредност од 30.779.099 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.
Блок трансакциите во декември изнесувале 96.311.705 денари и бележат зголемување од 35,31%.
Бројот на трансакции во декември изнесувал 1.437, односно 241 трансакции повеќе во однос на ноември, со што бележи зголемување од 20,15%.
Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, апсолутен лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за декември беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 509 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 227 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 193 трансакции.
Според количината на истргувани акции, за разлика од претходните месеци кога лидер беше Гранит, сега приматот го презема Комерцијална банка АД Скопје со 22.703 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Гранит АД Скопје со 16.135, а акциите на ЗК Пелагонија Битола го заземаа третото место со 4.294 истргувани акции.
Целосниот месечен статистички билтен за декември 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Македонската берза догорочно ги суспендира од котација акциите на издавачот Идевелоп АД Скопје


Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на друштвото Идевелоп АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерка долгорочната суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена почнувајќи од 26.01.2021 година и трае до отстранување на причините поради кои е изречена оваа мерка. (more…)
Форекс
Wall Street одговори со рекорд на инаугурацијата на Бајден!


Акциите на најпознатата светска берза во Њујорк (Wall Street) се на рекордно ниво поради охрабрувачките извештаи за приходите на акционерите и поради оптимизмот дека новото раководство во Вашингтон ќе значи поголема поддршка за економијата, која е во голема тешкотија поради пандемијата на Ковид-19. (more…)
Форекс
Руската рубља е најпотценета валута во светот!?


Британскиот неделник „The Economist“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!