Connect with us

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во ноември?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.11.-30.11.2020 година вкупниот промет изнесува 313.231.357 денари и е намален за 26,69% во однос на претходниот месец октомври.

Класичното тргување изнесува 242.052.777 денари и бележи пад во однос на октомври за 27,71%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 240.955.388 денари и обврзници во вредност од 1.097.389 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.

Блок трансакциите во ноември изнесувале 71.178.580 денари и бележат значително намалување од високи 22,98%.

Бројот на трансакции во ноември изнесувал 1.196, односно 180 трансакции помалку во однос на октомври, со што бележи намалување од 13,08%.

Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, апсолутен лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за ноември беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 327 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 236 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на НЛБ Банка АД Скопје со 214 трансакции.

Според количината на истргувани акции, седми месец по ред најтргувани се акциите на Гранит АД Скопје со 16.515 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 11.487, а акциите на Стопанска банка АД – Скопје го заземаа третото место со 10.939 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за ноември 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

Објавено

на

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Објавено

на

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот со секој нов ден ја зголемува својата вредност!

Објавено

на

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните 20 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно