Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во октомври?

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.10.-31.10.2020 година вкупниот промет изнесува 427.260.792 денари и е зголемен за 4,61% во однос на претходниот месец септември.
Класичното тргување изнесува 334.843.767 денари и бележи пад во однос на септември за 13,13%.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 333.840.854 денари и обврзници во вредност од 1.002.913 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.
Блок трансакциите во октомври изнесувале 92.417.025 денари и бележат енормен пораст од неверојатни 302,58%.
Бројот на трансакции во октомври изнесувал 1.376, односно 366 трансакции помалку во однос на септември, со што бележи намалување од 21,01%.
Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, апсолутен лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за октомври беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 420 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 238 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 172 трансакции.
Според количината на истргувани акции, шестти месец по ред најтргувани се акциите на Гранит АД Скопје со 34.855 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 17.960, а акциите на Македонски Телеком АД Скопје го заземаа третото место со 8.773 истргувани акции.
Целосниот месечен статистички билтен за октомври 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)
Форекс
Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)
Форекс
Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје