Connect with us

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во септември?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.09.-30.09.2020 година вкупниот промет изнесува 408.423.818 денари и е зголемен за 25,08% во однос на претходниот месец август. Влијание врз растот на тргувањето има „Инвеститорскиот ден” кој беше одржан на 18-ти септември.

Класичното тргување изнесува 385.467.468 денари и бележи висок раст во однос на август за 89,15%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 383.308.997 денари и обврзници во вредност од 2.158.471 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.

Блок трансакциите во септември изнесувале 22.956.350 денари и бележат огромен пад од 81,30%.

Бројот на трансакции во септември изнесувал 1.742, односно 877 трансакции повеќе во однос на август, со што бележи зголемување од енормни 101,39%.

Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, апсолутен лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за септември беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 619 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 270 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 187 трансакции.

Според количината на истргувани акции, петти месец по ред најтргувани се акциите на Гранит АД Скопје со 35.297 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 22.531, а акциите на Стопанска банка АД Скопје го заземаа третото место со 13.052 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за септември 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,89 тони. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на DAX индексот на 40 компании

Објавено

на

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на бројот на компании кои котираат во „DAX” индексот. Берзата предложи зголемување од досегаѓните 30 на 40 компании, истовремено предложувајќи заострување на условите за котација. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец септември

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно