Connect with us

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во август?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.08.-31.08.2020 година вкупниот промет изнесува 326.537.141 денари и е намален за 14,67% во однос на претходниот месец јули.

Класичното тргување изнесува 203.789.308 денари и бележи сериозен пад во однос на јули за 41,49%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 192.245.108 денари и обврзници во вредност од 11.544.200 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.

Блок трансакциите во август изнесувале 122.747.833 денари и бележат огромен пораст од 257,11%.

Бројот на трансакции во август изнесувал 865, односно 454 трансакции помалку во однос на јули, со што бележи намалување од 34,42%.

Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, апсолутен лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за август беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 263 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 196 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Макпетрол АД Скопје со 88 трансакции.

Според количината на истргувани акции, четврти месец по ред најтргувани се акциите на Гранит АД Скопје со 13.476 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 10.422, а акциите на Стопанска банка АД Скопје го заземаа третото место со 5.555 истргувани акции.

Целосниот месечен статистички билтен за август 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,89 тони. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на DAX индексот на 40 компании

Објавено

на

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на бројот на компании кои котираат во „DAX” индексот. Берзата предложи зголемување од досегаѓните 30 на 40 компании, истовремено предложувајќи заострување на условите за котација. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец септември

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно