Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јули?

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.07.-31.07.2020 година вкупниот промет изнесува 382.669.819 денари и е намален за 14,16% во однос на претходниот месец јуни.
Класичното тргување изнесува 348.296.794 денари и е намалено во однос на јуни за 1,79%.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 344.870.372 денари и обврзници во вредност од 3.426.422 денари, додека пак нема забележано тргување со други хартии од вредност.
Блок трансакциите во јули изнесувале 34.373.025 денари и бележат висок пад од 50,34%.
Бројот на трансакции во јули изнесувал 1.319, односно 227 трансакции помалку во однос на јуни, со што бележи намалување од 14,68%.
Според бројот на трансакции, идентично како и изминатите неколку месеци, апсолутен лидер во најтргувани акции на официјалниот пазар за јули беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, со вкупно 594 трансакции, пред акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупно 185 трансакции. Трети најтргувани акции по бројот на трансакции беа акциите на Гранит АД Скопје со 86 трансакции.
Според количината на истргувани акции, трет месец по ред најтргувани се акциите на Гранит АД Скопје со 42.585 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 27.590, а акциите на Стопанска банка АД Скопје го заземаа третото место со 13.400 истргувани акции.
Целосниот месечен статистички билтен за јули 2020 година можете да го погледнете на следниов линк.
Форекс
Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)
Форекс
Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје