Connect with us

Форекс

Кои акции загубија најголем дел од вредноста на последниот ден за тргување на Македонска берза?

Објавено

на

По неколкудневниот раст на акциите на најголемите македонски компании кои котираат на Македонска берза, на последниот ден за тргување тие се движеа во надолна линија.

Поголем дел од компаниите кои котираат на берзата, загубија дел од својата вредност.

Единствено акциите на Макпетрол АД Скопје и Гранит АД Скопје забележаа пораст на својата вредност од 1,07 проценти односно 0,09 проценти, соодветно.

Сите останати акции забележаа загуба на дел од својата вредност. Најголем пад на вредноста на акциите забележаа акциите на ОКТА АД Скопје од 3,46%.

Пад на вредноста на акциите забележаа и Македонијатурист АД Скопје и Алкалоид АД Скопје чиишто акции ја намалија својата вредност за 2,81%, односно за 2,46 процент

Минимален незначителен пад на вредноста забележаа банкарските акции на Комерцијална банка АД Скопје, УНИБанка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6958 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 57.1363 денари, британската фунта изнесува 69.5242 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.6852 денари.

Форекс

Петкратно поголем интерес од инвеститорите за македонската еврообврзница издадена на 700 милиони евра со камата од 3,675%

Објавено

на

Република Северна Македонија ја издаде седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра. Рочноста на еврообврзницата е 6 години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3,675%, што е втора најниска камата, веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година. Ова ја покажува довербата на инвеститорите во македонската економија и политики, ако се земе предвид дека оваа обврзница се издава во време Covid-19 кризата – најголемата економска криза после Големата депресија, кога сите економии, вклучително и светските економски сили, излегуваат на меѓународниот пазар на капитал за да обезбедат средства за финансирање на потребите за кризата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Видео конференција за регионалниот проект за инвестициски анализи

Објавено

на

По повод официјалното започнување на новиот регионален проект за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании во регионот на ЈИЕ, поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), беше одржана видео конференција. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Најтргувани акциите на ОКТА и Алкалоид, еврото со вредност од 61.6950 денари

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно