Connect with us

Останато

Кодексот за добра пракса поставува високо ниво на заштита на потрошувачите во небанкарскиот сектор

Објавено

на

Откако небанкарските финансиски друштва своите заложби ги обединија во Асоцијацијата на финансиски друштва чија цел е да го надгледува секторот за финансиски друштва и да поставува унифицирани стандарди на работење, преку подобрување на квалитетот на услугите и преку подигнување на јавната свест за финансиските услуги, воведоа и дополнителен метод за контрола и саморегулација.

Асоцијацијата усвои кодекс за добра пракса што претставува документ со детални обврски и стриктно дефинирани правила на делување на друштвата од оваа индустрија.

Кодексот во својата содржина јасно ги дефинира обврските и правата како на небанкарските друштва, така и на барателите на брзи кредити. Но, многу поважно е тоа што обезбедува дополнителна заштита на интересите на потрошувачите кои добиле или очекуваат да добијат услуга од членовите на Асоцијацијата.

Преку кодексот се практикува одговорно задолжување од страна на клиентите, а друштвата ги оценуваат нивните финансиски услови и способност да ги исполнат обврските. Заштитата се одвива и преку членовите на кодексот каде е дефинирано дека друштвата ја извршуваат услугата во согласност и со надзор од надлежните институции како што се Министерството за финансии, Дирекцијата за заштита на лични податоци итн.

Членовите на Асоцијацијата на своите клиенти им ги обезбедуваат потребните информации за природата на кредитите и истовремено се посветени на едукацијата на населението за што всушност се наменети овие производи, вклучувајќи го фактот дека кредитите не се препорачливи за решавање на претходно постоечки финансиски тешкотии.

Преку кодексот, исто така се гарантира адекватност на одобрениот кредит со финансиските услови на купувачот и спречување клиентот да преземе непотребни финансиски обврски.
Затоа, секој член на Асоцијацијата во времето на издавање на кредитот мора да се погрижи за оцена на солвентноста на клиентот во согласност со законодавството и употребата на моделите за личен кредитен ризик.

За да може клиентот да оцени дали условите на предложениот кредит соодветствуваат на неговите потреби и финансиската состојба, пред да го потпише договорот за кредит, од друштвото добива информации потребни за да се споредат различни понуди и да се донесе соодветна одлука за добивање кредит. Дополнително, друштвото член и потписник на овој кодекс му дава на клиентот јасни и недвосмислени информации за вкупните трошоци на кредитот, правилата и начинот за отплата на кредитот, како и за последиците што ќе настанат, доколку клиентот не ги почитува условите на договорот.

Овој Кодекс вклучува критериуми за професионалност, во согласност со фер пазарните практики и принципите за одговорно кредитирање кои се општо прифатени кај небанкарската кредитна индустрија.

Сите седум здруженија, Тиго Фајненс, Диџитал Фајненс, МОГО, Кредисимо, М Кеш, СН Финансии, Иуте Кредит, како членови на Асоцијацијата се обврзани да се придржуваат кон насоките дефинирани во кодексот, a дополнителното ниво на заштита на потрошувачите го овозможува преку членовите во кодексот кои одат во правец на заштита на клиентите од непотребни задолжувања.

Прочитајте повеќе за Кодексот на линкот: Кодекс за добра пракса, и информирајте се околу работата на Асоцијацијата: AFD

Останато

Ангеловска на средба со бизнис-заедницата во Свети Николе: 6,7 милијарди денари во буџетот за поддршка на приватниот сектор

Објавено

на

Приватниот сектор е и треба да биде двигател на економскиот раст во земјава. Затоа економските политики се во насока на поддршка на развој на конкурентноста на приватниот сектор, на поддршка на извозот, инвестиции во нови технологии и подобрување на адекватноста на работната сила на пазарот на труд. Во буџетот за 2020 предвидени се 6,7 милијарди денари за мерки за поддршка на приватниот сектор, беше посочено на средбата на министерката за финансии Нина Ангеловска со бизнис заедницата во општина Свети Николе, на која присуствуваше и градоначалникот на општината Сашо Велковски. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска од Самитот на ЕБОР: Развој на платформа за размена на добри искуства, политики и проекти меѓу земјите

Објавено

на

Да се развие платформа за споделување на знаење, каде што сите земји ќе можат да ги видат најдобрите практики од други земји. На овој начин земјите ќе можат да учат од најдобрите искуства, а владите да носат политики кои се засноваат на докази и претходно искуство. Ова било дискутирано на средбата помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и ИКТ тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) која се случила на маргините на Инвестицискиот самит на земјите од Западен Балкан во Лондон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Презентација на Европски навики за плаќање во 2019 година

Објавено

на

На 19.02 се одржа настан организиран од EOS Матрих на кој темата беше презентација на истражувањето „Европски навики за плаќање“, кое EOS го спроведува веќе 12 години по ред. Целта на настанот беше да се подигне свеста дека неплаќањето на обврски не е проблем само во Македонија, туку е проблем и во Европа и насекаде во светот, колку сме ние далеку или блиску до европските платежни навики, со цел да се идентификуваат мерки и постапки како да се минимизира таа разлика. Како што изјави Катерина Бошевска, директорката на EOS Матрих, во нејзиното поздравно обраќање: (more…)

Продолжи со читање

Популарно