Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Кога да им дадете џепарлак на вашите деца и како да ја одредите сумата?

Објавено

на

Почетокот на учебната година може да биде вистински финансиски предизвик за родителите. Нови учебници, училишни материјали, гардероба, теренски патувања – сето тоа се работи со кои родителите на учениците се соочуваат секоја есен, со цел на своите најблиски да им обезбедат најдобри можни услови за едукација и развој. За да бидат задоволени сите потреби и желби, треба да се направи избалансирана финансиска конструкција, со уште една важна точка која мора да се испланира – а тоа е џепарлакот.

Постојат голем број на проблеми со кои се соочуваат родителите – дали џебните пари се неопходни доколку детето веќе има се што му треба, кога да се започне со давање џепарлак и која сума, дали да се даваат пари во редовни интервали, или по потреба…

Доколку сте си ги поставувале овие прашања и не сте сигурни кој е вистинскиот одговор, еве неколку совети што можат да ви помогнат да го направите вистинскиот избор.

  1. Тргнување на училиште – време за нови трошоци

Да тргне во училиште е ново искуство за секое дете. Тоа ќе се соочи со ситуации во кои ќе треба да одлучи дали ќе потроши пари се нешто што не влегува во школската ужинка, а доколку таа ја нема од каде и што да купи за јадење доколку родителот не му испраќа мала закуска секој ден. Затоа, новата учебна година е идеално време да му дозволите на вашето дете да има свои пари, чиј износ е во согласност со трошоците што ги има на училиште. Дали ќе му давате џепарлак на дневна, неделна или месечна основа зависи од вашиот „договор“ со детето. Како и да е, имајте во предвид дека на деца до 12 годишна возраст препораката е да се даваат пари на неделна основа, затоа што на таа возраст тие развиваат вештини за долгорочно планирање. Од 13-годишна возраст веќе можете да започнете на вашето дете да му „исплаќате“ месечни износи – на овој начин детето учи да го управува на долг рок својот „буџет“ и да ја развие вештината да планира со парите.

  1. Џепарлакот како чекор кон независност

Иако се обидувате да им обезбедите на вашите деца сè што им е потребно од развојна перспектива, важно е тие да имаат свои пари, со кои можат да располагаат по сопствена желба. На овој начин, учат да носат одлуки за што ќе се потрошат парите, се развива одговорност за средствата и се препознава нивната вредност. Затоа е многу важно детето да има слобода да ги троши доделените пари на тоа што го сака, се разбира, ако тоа што ќе го купи нема да му наштети. Независната одговорност за одредена сума пари е значајна – тоа придонесува за самодовербата на детето и ја олеснува економската независност.

  1. Повремено можете да му помогнете на вашето дете да направи паметни одлуки

Конкретните одлуки за тоа како ќе се трошат парите на училиште треба да ги донесе самото дете, но и родителите може да учествуваат во давање насоки и совети, особено со цел да се направи правилен избор. Овој пристап ќе овозможи детето да научи како да го планира својот буџет, но и врската помеѓу цената и квалитетот на добрата за потоа да процени колку вредат неговите пари на располагање и што е попаметно да купи.

  1. Редовноста и точниот износ се важни

Кога давате џебни пари, многу е важно да го следите договорениот распоред за плаќање и сумата, бидејќи вашето дете учи да ги следи аранжманите во вашиот пример. Редовноста на џепарлакот и износот ќе му помогнат да развие вештини за планирање, бидејќи ќе знае однапред колку пари ќе има на располагање.

  1. Давањето дополнителни пари не се препорачува

Додека сè уште се стекнуваат вештини за финансиско планирање, може да се случи детето да троши пари само за да ги потроши и да добие нова сума. Во овој случај, не се препорачува да се даваат дополнителни пари. Ваквите искуства се важна животна лекција дека парите понекогаш можат да бидат недоволни и внимателно треба да се земат во предвид сите трошоци.

  1. Парите за џепарлак не треба да се потрошат за основни потреби

Децата треба да ги трошат „своите“ пари на тоа што го сакаат, а не на основните потреби, како што се редовни оброци или облека. На овој начин, тие одлучуваат за нивните приоритети за купување и стекнуваат искуство за грешки без поголеми последици. Ова правило има исклучоци – ако детето намерно уништи некој производ или сака да купи нешто многу скапо, да ги сноси и трошоците за да се научи на одговорност.

  1. Џепарлакот не треба да биде средство за награда или казнување

Парите за џепарлак не треба да зависат од однесувањето и резултатите што детето ги покажува дома или на училиште. Затоа, не се препорачува да се зголемува сумата поради добро поведение, или да се намалува или прекине заради лошото. Исто така, овие пари не треба да бидат награда за помали работни задачи што се дел од редовните должности на детето, како што е миење садови – детето е рамноправен член на семејството и треба да се учи од млада возраст дека дел од домашните работи се негова обврска соодветно на возраста.

  1. Дополнителните задачи треба да бидат посебно наградени

Родителите, исто така, треба да размислуваат за издвоена сума на пари која сакаат да ја употребат како награда доколку нивното дете извршува дополнителни обврски во домот, на пример да го исфрли ѓубрето, да се грижи за хигиената во неговата соба на редовна основа и слични задачи. Таа награда треба да биде посебна и да не се врзува со сумата на пари која се издвојува за училиште. Секако, доколку постои недисциплина мора да се укажува на грешките и неисполнетите обврски.

  1. Одредете го џепарлакот според животниот стандард

Висината на џебот честопати е проблем што најмногу ги мачи родителите. Која сума е соодветна? Одговорот зависи од финансиската состојба на семејството – џепарлакот треба да биде во согласност со семејниот животен стандард. Прениската сума може да направи детето да се чувствува исклучено од својата социјална група, додека вишокот пари ќе создаде нереална слика за финансиските можности на семејството, предизвикувајќи го детето да не научи да се откаже од материјални добра и да избира меѓу приоритетите.

  1. Децата најдобро учат со родителите

Запомнете дека вие го поставувате првиот модел за вашето дете. Ако се однесувате финансиски одговорно и вашето дете полесно ќе ги усвои овие навики. Со свој пример, можете да им покажете на вашите деца како да заштедат, па се препорачува да споделите приказни со заштеда на џепарлакот додека вие сте биле ученици. Навиките што децата ги стекнуваат во детството и пубертетот влијаат на тоа колку одговорно ќе управуваат со парите подоцна, како и дали и колку ќе заштедат.

Лични финансии

БИЗНИС БАР: Како да одржите здрав животен стил како претприемач

Објавено

на

Да се биде претприемач доаѓа со многу бенефиции, но исто така за успехот може да платите со Вашето здравје. Пренатрупаниот  распоред на еден претприемач обично не дозволува одмор, што може да има негативно влијание врз здравјето. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

БИЗНИС БАР: Важноста да се има удобен канцелариски стол

Објавено

на

Поголемиот дел од нашето време го минуваме во работни простории, но дали истите се прилагодени да влијаат позитивно на нашето здравје и продуктивно на нашата работа. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

М-р Ивана Хаџиванова: Комфор зоната не уништува!

Објавено

на

М-р Ивана Хаџиванова, Психолог, Психотерапевт на својот Фејсбук профил објави неколку моќни реченици кои во целост ја дефинираат опасноста на комфор зоната. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange