Странски банки
Кога банката пријатно ќе те изненади во пресрет на Нова Година

Британската филијала на шпанската банка „Santander” по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 трансакциски сметки, што ги изненади сопствениците на сметките на божиќното утро, кои не знаеле кој ги уплатил парите.
Вработените во банката се обидуваат да ја исправат грешката и да ги вратат парите, но го отежнува фактот тоа што голем дел од трансакциите се направени на клиенти со трансакциски сметки во други банки.
Грешката настанала кога двапати беа објавени плаќања од 2.000 деловни сметки.
Во соопштението на банката се наведува дека се водат разговори со банките кои ги примиле плаќањата, „Barclays”, „HSBC”, „NetVEST”, „The Co-operative Bank” и „Virgin Money”.
Инволвираните банки изјавиле дека ќе се обидат да ги вратат парите од сметките на своите клиенти.
Меѓутоа, како ќе се изведе целата постапка е нејасно и како ќе постапат банките во случај ако нивните корисници веќе да ги потрошиле парите, бидејќи враќањето може да доведе до незаконски минус на сметките.
Банката „Santander” навести дека може да го надмине проблемот со тоа што нејзините вработени директно да контактираат со луѓето за да им ги вратат парите што им биле уплатени по грешка.
Но, сето тоа ќе зависи од добрата волја на корисниците и дали ќе бидат фер и ќе ги вратат парите кои им биле по грешка префрлени на нивните трансакциски сметки или ќе си го задржат пријатниот новогодишен подарок!?
Странски банки
30.000 банкари остануваат без работа како последица на банкарската криза?

Спасувањето на „Credit Suisse“ од страна на најголемата швајцарска банка „UBS“ се очекува да резултира со укинување на десетици илјади работни места, а швајцарскиот финансиски сектор веќе се подготвува за тешкиот удар дел од спорното преземање. (more…)
Странски банки
Најсигурната валута повеќе не е сигурна како последица од банкарската криза во Швајцарија

Швајцарскиот франк кој досега важеше за најсигурна и најстабилна светска валута полека ја губи довербата на финансиските пазари откако акциите на „Credit Suisse” паднаа на помалку од една третина од нивната претходна вредност. (more…)
Странски банки
UBS го презема конкурентот Credit Suisse за три милијарди евра!?

Најголемата швајцарска банка „UBS” се согласи да ја купи конкурентската швајцарска банка „Credit Suisse” за 3,23 милијарди долари (околу три милијарди евра) во акции, како и да преземе загуби до 5,4 милијарди долари (околу 5,05 милијарди евра), врз основа на швајцарскиот план на властите да се избегнат дополнителни потреси во банкарскиот сектор. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка