Connect with us

Останато

Ковид-19 наскоро ќе биде минато!?

Објавено

на

Меѓународен тим на научници од техничкиот Универзитет во Брауншвиг и Центарот за инфективни истражувања објавија текст во магазинот „Nature Communications“ за развојот на посебни антитела против коронавирусот.

„Не станува збор за вакцина, туку за стратегија што во основа делува како лек, па така антитела може да се даваат на луѓе кои се разболеле од ковид-19, а не превентивно како вакцина за луѓето да не се разболат”, објасни доктор Лука Чичин-Шаин, вирусен имунолог во Центарот за инфектолошки истражувања во Брауншвиг, за ХРТ.

Она што е направено, вели тој, во основа се антитела што организмот инаку ги развива, се земаат од поединци кои ги имаат, се внесуваат во епрувета и потоа може да се даваат на други луѓе кои не успеале да ги развијат за да се неутрализира вирусот и на тој начин да му овозможи на организмот да се бори со инфекцијата.

Антитело е против ковид-19, но ист принцип треба и кај други инфекции

„Сигурно не сме први кои развиле против антитела, ги имаат и други тимови. Знаеме дека Доналд Трамп доби терапија со антитела кога беше позитивен на вирусот и таа веројатно многу му помогна. Но, новитет е дека тие антитела, ние ги добивме од серум на поединец и тоа многу порано пред да се појави пандемијата. Станува збор за серуми што се добиени во 2018, 2019 година, кога вирусот и не постоеше. Од нив успеавме да ги издвоиме оние антитела кои го препознаваат вирусот, кои се во состојба да го неутрализираат и во тоа е вредноста на нашата идеја”, вели Чичин-Шаин.

Светот една година подоцна во борбата со ковид-19

„Сведоци сме на развој на вакцини со невидена брзина. Европската агенција за лекови денеска ја одобри четвртата вакцина, на праг е „Спутник V“ да биде петта. Значи, ширум светот се прозиведуваат вакцинни со кои можеме да ставиме крај на пандемијата. Нормална вакцина се развива и произведува пет години, сега сè се случува во една година. Гледаме дека технологијата помага и дека коронавирусот наскоро ќе биде минато”, нагласи Чичин-Шаин.

Останато

„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Објавено

на

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно