Останато
Ковачевски: До крајот на 2022 година МФ ќе спроведе реформа во буџетското сметководство, од готовинско преминуваме на пресметковно начело

Силни, ефективни и отчетни институции во јавниот сектор се клучни за воспоставување стабилно економско опкружување и одржлив раст, што се покажа и во услови на пандемијата предизвикана од ковид-19. Оттука, основната цел на водењето буџетско сметководство и буџетско известување е круцијално за управување со Буџетот и постигнување финансиска одговорност при изготвување и носење на деловните политики и одлуки, односно урамнотежено буџетско трошење од реално расположливите средства.
Ова го истакна заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски кој се обрати на Обуката за сметководители во јавниот сектор на ИПСАС организирана од страна на ЦЕФ – Центарот за извонредност на финансиите, што се одржа денеска во Охрид.
Тој најави дека Министерството за финансии до крајот на 2022 година планира да спроведе реформа во областа на буџетското сметководство во насока на замена на „готовинското начело“ со таканареченото „модифицирано пресметковно начело“.
„Согласно „модифицирано пресметковно начело“ расходите ќе се евидентираат во моментот на настанување на деловниот настан во извештајниот период, а не во моментот на плаќање, а приходите и понатаму ќе се признаваат во моментот на наплатата. Овој концепт на евиденција ќе овозможи пореално и поажурно следење на неподмирените обврски кај буџетските корисници. Ова начело ќе го имплементираме во системот на државниот трезор преку воведување на новиот Информациски систем за управување со финансиите“, рече Ковачевски.
Оцени дека сметководителите во јавниот сектор имаат важна улога во секојдневната работа и процесите на носење одлуки на институциите, имајќи предвид дека тие снимаат, известуваат, надгледуваат и ги коригираат државните финансии и обезбедуваат клучни инпути за процена на финансиските текови и носењето одлуки.
„Денес не е можно да се замисли работењето на јавниот сектор и остварувањето на неговите функции, активности и задачи без квалитетни сметководствени информации. Затоа, често се истакнува дека сметководството е деловен јазик и сите што имаат значајна улога во деловните процеси на јавниот сектор треба да го разбираат тој јазик. Сметководството, финансиското известување и обелоденувањето на сметководствените информации се битни претпоставки на добрата практика на финансиското управување во јавниот сектор“, рече заменик-министерот за финансии.
Тој посочи дека токму ваквите обуки се од суштинско значење за да се разберат стандардите на ИПСАС во процесот на напуштање на готовинското начело на водење на буџетското сметководство и преоѓање кон пресметковното начело и додаде дека во 2022 година е планирана реформа на сметководствената професија којашто ќе опфати воведување задолжителна обука и полагање испит за вршење сметководствени работи во јавниот сектор.
Обуката и испитот за сметководители во јавниот сектор во организација на ЦЕФ се единствени од овој вид што се организираат во РСМ и се со висок квалитет. Министерството за финансии очекува соработката со ЦЕФ да продолжи во областа на обуката и сертификацијата на сметководителите, како и во процесот на подготовките за спроведување национална сертификација на сметководителите од јавниот сектор во рамки на Академија за јавни финансии.
Останато
„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје