Connect with us

НБРМ

Кована пара за колекционерски цели: „Рак“

Објавено

на

Аверс:

На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Рак. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

Реверс:

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на рак од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак рак и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак рак. Во долниот дел е претставена златна слика на рак, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – CANCER, а на левата страна, ознаката Ag925.

За повеќе информации за да ја купите монетата, проверете тука.

НБРМ

НБРМ ја задржа каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,5%

Објавено

на

На 12 февруари 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Банкноти со “Република Северна Македонија” на почетокот од 2020 година

Објавено

на

Менувањето на банкнотите на кои ќе треба да стои новото име Република Северна Македонија ќе почне од идната година, соопштија од Владата која издаде серија на обврски со сите државни институции за почеток на примена на новото име. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ усвои две стратегии за јакнење на финансиската стабилност во земјава

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии, согласно со препораките во евроинтегративниот процес, интензивно продолжуваат со заедничките напори за натамошно зајакнување на финансиска стабилност во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange