Connect with us

НБРМ

Кована пара за колекционерски цели: „Девица“

Објавено

на

Аверс:

На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Девица. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

 Реверс:

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на девица од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак девица и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак девица. Во долниот дел е претставена златна слика на жена, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – VIRGO, а на десната страна, ознаката Ag925.

За повеќе информации за да ја купите монетата, проверете тука.

 

 

НБРМ

Во НБРМ се одржа конференција на Твининг лајт проектот: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“

Објавено

на

Во просториите на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) се одржа почетната конференција на Твининг лајт проектот: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, финансиран од Европската Унија (ЕУ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на НБРМ и министерот за финансии на Форумот на Централна и Источна Европа на „Еуромани“

Објавено

на

Утре и задутре гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, ќе учествуваат на 24. Форум на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ предупредува: Поединци лажно се претставуваат во име на НБРМ со цел да извлечат финансиска корист од граѓаните

Објавено

на

Во изминатиов период, забележана е појава на испраќање електронски пораки до е-адреси на лица од Република Македонија со лажно претставување (англ. email spoofing), информираат од НБРМ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange