Connect with us

НБРМ

Кована пара за колекционерски цели: „Лав“

Објавено

на

 Аверс:

На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Лав. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

Реверс:

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на лав од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак лав и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак лав. Во долниот дел е претставена златна слика на лав, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – LEO, а на десната страна, ознаката Ag925. Овие ковани пари се изработени од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

За повеќе информации за да ја купите монетата, проверете тука.

НБРМ

НБРМ: Раст на потрошувачките и станбените кредити, пад на автомобилските

Објавено

на

Централна Банка

Во јуни кај вкупните кредити на домаќинствата е забележан раст на месечна и годишна основа од 1,0% и 9,7%, соодветно. Од аспект на валутната структура, зголеменото кредитирање на домаќинствата во поголем дел е резултат на растот на кредитите одобрени во денари (68,6% и 62,4%, соодветно).

Во јуни, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 1,3% и 1,2%, соодветно, којшто на годишно ниво изнесува 11,1% и 14,9%, соодветно. Автомобилските кредити и негативните салда на тековните сметки забележаа месечен пад од 2,0% и 0,5%, соодветно, додека на годишна основа тие остварија раст од 0,2% и 4,8%, соодветно. Овој месец, кредитите одобрени на кредитни картички се непроменети на месечна основа, додека на годишна основа бележат намалување од 0,8%. Во јуни кај кредитите одобрени врз други основи е остварен месечен раст од 0,6%, при годишно намалување од 0,8%.

Вкупните депозити на домаќинствата во јуни остварија месечен раст од 0,3% којшто се должи на депозитите во странска валута, при минимален пад на денарските депозити. Анализирано на годишна основа, растот изнесува 7,9%, со речиси подеднакво учество на депозитите во денари и депозитите во странска валута.

Кај корпоративниот сектор, кредитите  во јуни бележат раст од 0,8% на месечна основа, во услови на речиси подеднаков придонес кон растот на кредитирањето во денари и во странска валута.  На годишна основа е забележан раст на кредитнатa активност од 2,9%, што во услови на намалено кредитирање во странска валута, целосно е резултат на зголеменото денарско кредитирање.

Вкупните кредити во Македонија во јуни годинава се зголемиле за 0,9% на месечно ниво, што се должи на зголеменото кредитирање и во корпоративниот сектор и кај домаќинстава, кои имаат речиси подеднакво учество во месечната промена. На годишна основа кредитниот раст изнесува 6,2%, во поголем дел од зголемено кредитирање на секторот домаќинство кое учествува со 74,2% во растот.

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ: монетарна и финансиска усогласеност со најновите меѓународни и европски стандарди

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека во текот на јули и август 2018 година, ќе објави податоци од монетарната статистика, статистиката на останатите финансиски институции и статистиката на каматните стапки, по нова методологија. Методолошките промени се направени заради усогласување со препораките од новообјавениот Прирачник и упатство за монетарна и финансиска статистика на Меѓународниот монетарен фонд од 2016 година (MFSMCG – IMF, 2016) и Техничката мисија на ММФ од областа на монетарната и финансиската статистика во НБРМ од 2015 година и придонесуваат за обезбедување квалитетни и конзистентни статистички податоци усогласени со највисоките меѓународни и европски статистички стандарди.

Податоците за одделните статистики ќе бидат објавени во согласност со утврдениот Календар на објавување, а истовремено заради обезбедување конзистентност, ќе бидат објавени и ревидирани временски серии податоци. Динамиката на објавување, по одделни статистики, е следнава:

  • Монетарна статистика: на 20 јули 2018 година, со објавување на податоците за јуни 2018 година, ќе се објави и ревидирана серија податоци за периодот од јануари 2009 година до мај 2018 година;
  • Статистика на каматните стапки: на 31 јули 2018 година, со објавување на податоците за јуни 2018 година, ќе се објави и ревидирана серија на податоци за периодот од 2005 година до мај 2018 година;
  • Статистика на останатите финансиски институции: на 31 август 2018 година, со објавување на податоците за вториот квартал на 2018 година, ќе се објави и ревизија на податоците за првиот квартал на 2018 година;
  • Биланси и прегледи на финансиските институции: на 31 август 2018 година, со објавување на податоците за вториот квартал на 2018 година, ќе се објават и ревидирани податоци за депозитните институции за периодот од првиот квартал од 2012 година до првиот квартал од 2018 година и за останатите финансиски институции за првиот квартал од 2018 година.

НБРМ, покрај податоците, ќе објави и информација за клучните методолошки промени, како и нови методолошки објаснувања.

Продолжи со читање

НБРМ

Нов работен материјал во издание на НБРМ

Објавено

на

„Влијанието на политиката на квантитативно олеснување на ЕЦБ врз капиталните текови во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа“ од гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, м-р Ана Митреска и д-р Султанија Бојчева-Терзијан.

Овој материјал е обид за емпириска оцена на ефектите од политиката на квантитативното олеснување на ЕЦБ врз капиталните приливи во земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Со оглед на трговската и финансиската поврзаност на овие земји со еврозоната, би се очекувало дека креираната ликвидност од страна на ЕЦБ ќе предизвика и зголемување на обемот на нивните капитални приливи. Оваа хипотеза, авторките на работниот материјал, емпириски ја тестираат преку оцена на ефектите од промените во билансот на ЕЦБ врз одделните видови капитални приливи во избраната група земји.

Наспроти првичните очекувања, резултатите презентирани во материјалот, не ја потврдуваат оваа врска, но покажуваат значително влијание на одредени фундаментални фактори, како што се доходот и каматните стапки, врз капиталните приливи во регионот. Воедно, оцените упатуваат на негативно влијание од глобалната криза врз приливите на капитал, што веројатно и оневозможува поголем ефект од монетарното олеснување на ЕЦБ. Единствен исклучок е надворешното задолжување на државата, што се совпаѓа со контрацикличната фискална политика и растот на јавниот долг по избувнувањето на глобалната криза.

Повеќе информации може да најдете тука.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange