Connect with us

Домашни банки

Клуб на таленти на Охридска Банка

Објавено

на

Клубот на таленти на ОБСГ произлегува од годишната програма за општествена одговорност на Охридска банка Сосиете Женерал. Станува збор за платформа што е наменета за сите млади таленти и потенцијали во различни области.

Како концепт, Клубот на таленти на ОБСГ ќе функционира врз база на конкурси што ќе се објавуваат во текот на годината на одредена тема. Ќе можат да се пријавуваат сите заинтересирани што ќе ги исполнуваат условите, а Банката, како основач на Клубот, заедно со однапред дефинирано стручно жири, во секоја област ќе избира финалисти и победник кој ќе биде финансиски награден и поддржан од страна на Банката.

Водејќи се од основните принципи на работењето ‒ тимски дух, иновација, посветеност и одговорност ‒ како општествено одговорна компанија, Охридска банка Сосиете Женерал на годишно ниво издвојува значаен износ финансиски средства што ги насочува во различни области, како култура, спорт, образование итн., секогаш изнаоѓајќи таленти и потенцијали на коишто им е потребна поддршка за развој на нивниот талент, доедукација и усовршување во нивната насока, а сè со цел да помогне во развојот на сите млади што покажуваат потенцијал во одредена насока.

Ако имаш жичка за музика, умееш да свириш, знаеш да фатиш ритам, те сака сцената, те препознаваат, освојуваш награди… не двоуми се! Пријави се на Конкурсот на Охридска банка Сосиете Женерал за млади инструменталисти и стани првиот член на Клубот на таленти на ОБСГ и првиот стипендист на Банката.

Право на учество имаат млади инструменталисти на возраст од 14 до18 години, односно родени во периодот 2000 ‒ 2004 година. Инструменти што се земаат во предвид на Конкурсот:

  • Клавир
  • Хармоника
  • Виолина
  • Виолончело
  • Виола
  • Гитара
  • Контрабас
  • Хорна
  • Харфа
  • Обоа
  • Кларинет
  • Флејта
  • Труба
  • Фагот
  • Саксофон
  • Тромбон

Аплицирањето се врши електронски, директно на веб-страницата www.obsgklubnatalenti.mk, во делот „Аплицирање“, преку пополнување на формуларот за аплицирање.

Стипендијата, определена за овој јавен конкурс, е во вкупен износ од 2400 евра, пресметани во денарска противвредност, според средниот курс на НБРМ на денот на исплатата на средствата. Овој фонд е определен и ќе се исплаќа на месечно ниво, во текот на една година.

По завршувањето на Конкурсот, Банката заедно со стручното жири составено од: универзитетски професор – пијанист, универзитетски професор – дувач, стручен член – виолинист, ќе направи избор на 7 – 12 финалисти и ќе ги објави на веб-страницата, најдоцна до 10 Октомври 2018 година. По објавувањето на финалистите, тие ќе треба да испратат информација за тоа која композиција или пиеса ќе ја изведуваат на финалната вечер, а таа треба да биде со времетраење од 5 до 15 минути. На 24 октомври 2018 година, во 19.00 часот, во малата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи концерт на кој избраните финалисти ќе настапат пред стручното жири. По завршувањето на финалната вечер, жири-комисијата ќе го избере победникот на првиот конкурс „Имаш ли жичка за музика?“, првиот член на Клубот на таленти на ОБСГ и истовремено првиот стипендист на Охридска банка Сосиете Женерал.

Домашни банки

ЕБОР: Во Македонија има многу банки, а пазарот е мал

Објавено

на

Во Македонија има многу банки а пазарот е мал. Во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019, ЕБОР сугерира конослидација на банкарскиот сектор и развивање на капацитетите за обновлива енергија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка најуспешна во тргување на девизните пазари

Објавено

на

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД,  на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2019 година)“. Ова е петто  по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија,  доделено од Global Finance. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал банка ја прошири својата мрежа на експозитури во Кисела Вода, Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје продолжи со проширување на својата мрежа на експозитури на територијата на град Скопје, водена од својата мисија за градење на доверба, сигурност и посветеност кон клиентите, нудејќи им највисок стандард на финансиски услуги. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange