Connect with us

Осигурување

Климе Попоски нов член на Надзорниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје

Објавено

на

На ден 16.11.2020 година во Централниот регистар на СРМ е извршена измена на податоците во Тековната состојба на акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје со седиште на Бул.Борис Трајковски број 62, Скопје, Кисела Вода со ЕМБС 5702470 застапувано од претседателот на Управниот одбор Зоран Нарашанов.

Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје изврши упис на нов независен член на Надзорниот одбор на Друштвото. Согласно одлуката за назначување на нов член на Надзорниот одбор на друштвото донесена од Собранието на друштвото се именува г-дин Климе Попоски за нов независен член на Надзорниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје.

Согласно новите измени, Надзорниот одбор на Друштвото е во следниот состав:

  • Г-дин Габор Лехел, Претседател на Надзорниот одбор на Друштвото,
  • Г-дин Зоран Димов, независен член на Надзорниот одбор на Друштвото,
  • Г-дин Филип Бардас, член на Надзорниот одбор на Друштвото,
  • Г-дин Климе Попоски, независен член на Надзорниот одбор на Друштвото.

Осигурување

Мој миленик – нов пакет на пазарот од Триглав Осигурување

Објавено

на

Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик, наменет за осигурување на кучиња. Пакетот обезбедува лекување на милениците и осигурување од ризиците смрт од болест и од несреќен случај. Триглав, во рамките на пакетот, бесплатно го вклучува и MyKi уредот за следење, како дополнителна алатка за што подобра безбедност на милениците. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Адвокатот Мирослав Вујиќ избран за член на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво

Објавено

на

Триглав пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за промени во Надзорниот одбор на Друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Македонски експерти ќе бидат дел од глобалниот настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“

Објавено

на

Во организација на водечката меѓународна новинарска агенција „Reuters” се организира Глобален настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“. Настанот е виртуелен и ќе биде одржан на 24-ти и 25-ти ноември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно