Connect with us

Останато

Кликни Јади маркет со достава од 35 – 65 минути за време на полициски час!

Објавено

на

Кликни Јади е најголемата платформа за нарачка и достава на храна во Скопје, со над 40.000 корисници и партнерска мрежа од над 170 ресторани.

Компанијата функционира во засилен состав во текот на целиот изминат период на вонредна состојба и полициски час, со цел да им овозможи на граѓаните брза, сигурна и бесконтакна достава на храна, а на ресторани, начин да продолжат да ги услужуваат своите клиенти.

Од неодамна, освен за нарачка и достава на храна, Кликни Јади имплементираше онлајн маркет кој содржи повеќе од 1.000 намирници кои брзо, безбедно и лесно може да бидат доставени до вашиот дом и во текот на полицискиот час, односно карантин кој во моментов е во сила.

Доставата на вашите нарачки до дома е достапна од 10 – 22 часот, а вашата нарачка можете да ја очекувате за помалку од 60 минути!

🚚КЛИКНИ ЈАДИ МАРКЕТ🚚

Од неодамна, компанијата Кликни Јади, во соработка со меѓународната картична организација Visa започнаа партнерски проект за бесплатна достава на храна нарачана од платформата на Кликни Јади и платена со Visa картичка издадена од било која банка.

Прочитајте повеќе: АКЦИЈА НА КЛИКНИ ЈАДИ И VISA

Како да изберете бесплатна достава со VISA картичка?

  1. Изберeте ОНЛАЈН плаќање
  2. Зачувајте ја VISA картичката во ситемот на HALKBANK преку Кликни Јади
  3. Изберете ја зачуваната VISA картичка
  4. Кликнете нарачај

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно