Connect with us

Колумни

Клиент заглавен во експозитура на банка

Објавено

на

Стануваш наутро и сфаќаш дека денот нема да тргне на добро. Навиката ти вика користи мобилна апликација и плаќај што сакаш. Реалноста ти вика за тоа да го направиш мора да одиш да си ставиш пари на сметка. Стигаш кај најблиските банкомати, сфаќаш дека картичката што овозможува да ставиш пари од банкомат е истечена.

Немаш избор и одиш во друга банка каде што имаш валидна картичка за да ставиш пари. Од далеку ја гледаш гужвата. Си викаш ако има бројчиња лесно и брзо ќе дојдам на ред. Стапнуваш и ја здогледуваш машината што вади броеви. Се радуваш како мало дете на сладолед, бидејќи знаеш дека брзо ќе завршиш работа. Вадиш бројче, гледаш на листот 059, а на таблата пишува 053, си калкулираш дека има 3 шалтери и некако испаѓа математиката дека за 20тина минути ќе завршиш целосно работа. Звучи супер нели?

Но, тоа таму да ти било див запад. Да, се почитуваат бројчињата, ама ова е Македонија и системот мора да се изигра. Најфер играта што ќе ја приметиш: доаѓа клиент во 9 часот, зема бројче, оди да пазари и толку е вешт во играта како темпиран се враќа кога неговото бројче е на ред. Ако го прашаш како знаел кога мора да се врати одговор би бил најчесто: има 5 луѓе пред мене, по 5/6 минути секој да се задржи, за отприлика 30 минути треба да се вратиш за ти да си на ред.

Меѓутоа, има и полоши играчи, што сакале да се вратат ама нешто искрснало. Е тие се оние што се “пикаат„ преку ред. Ќе ги препознаете како пензионери што викаат дека мора итно да си одат бидејќи две годишното внуче ги чека дома. Тие може да имаат и бројче од вчера останато или повеќе бројчиња.

Уште полош играч: го пропуштил бројот бидејќи не бил во банката (не му оди математика и не може да пресмета за колку време да се врати). Е тој е така наречениот “шериф„ кој штом ќе стапне мора да биде негов ред бидејќи и така би одземал време да бил тука. Логика? 0% според сите присутни, а 100% според него.

Најлошиот, најкатастрофалниот вид за околината: се замуабетил и удобно му било во столчето за да стане кога бил на ред, па решил да дојде два броја подоцна. Го гледаш и се крстиш, се чудиш како може да биде ова легитимна причина да го пореметиш редот на чекање во банката. И вика, народски кажано “се дере„, зошто девојката на шалтер не сака да го прими.

Видот што најретко е застапен во банка, ендемски вид: културен граѓанин што уредно си го чека редот. Двајца/тројца и евентуално тој што стои пред врата бидејќи му умираат мозочни клетки ако стои внатре во нередот (океј, може да е само пушач треба да проверите добро).

И за нештата да бидат поинтересни: во некои експозитури, особено кога се земаат пензиите, клиентите имаат воспоставено нов систем. Се делат бројчиња со име и презиме на клиентот, за да не можат да се степаат кој прв ќе земе бројче и да не може да земе фрлено бројче кое е понапред. Ви звучи ова нормално?

Едно големо браво за вработените што работат на шалтер. Секој го условуваат со госпоѓо/господине, секој културно му кажуваат дека греши и ако може да не не вознемирува останатите, наоѓаат во милисекунда решение и начин секој клиент да си отиде задоволен (и малку нервозен, не многу) и на секој му викаат: “Добар ден, повелете„ кога ќе застане на шалтер со насмевка на лицето.

Завршувам работа после 40 минути иако мислев ќе бидат 20 минути. Си ветив дека освен ако не е живот или смрт во прашање нема да стапнам во ниедна експозитура на некоја од нашиве банки. Ги разбрав сите предности да сум дете на новата технологија. Ја разбрав вредноста за мене, моето време и психа што технологијата ми ги овозможува. И пак ме удри реалноста од глава, се јавувам да кажам за истечената картичка, ми викаат дојди во експозитура.

Ружа.

 

 

Колумни

Што можеме да научиме од мајмунот кој вози скирол?

Објавено

на

Сите сме ја слушнале добро познатата фраза “Патувањето од илјадници милји започнува со еден чекор”. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Моќта на убедувањето

Објавено

на

Дали сте знаеле дека доколку на некого му подадете топол пијалок, многу е поверојатно дека тие ќе се однесуваат многу попријатно и попријателски со вас?  (more…)

Продолжи со читање

Колумни

6 инвестиции кои треба да ги направите во себе

Објавено

на

Ако сакате вашата кариера и вашиот живот да тргнe 2019 година на подобро, време е и да инвестирате во себе. Впрочем, “не се постигнува напредок без инвестиции”, вели тренерот за живот Стасија Пирс. “Лични инвестиции во сопствените вештини, вашиот имиџ, па дури и алатки што ви требаат за да успеете, ја зголемуваат вашата вредност во целина.” (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange