Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Business Man

Кирил Колемишевски со одлична иницијатива, парите од дневници ги искористи за садење дрвја

Објавено

на

Заменик министерот за економија, г-дин Кирил Колемишевски во текот на вчерашниот ден иницираше прекрасна работна акција која има за основна цел зазеленување на главниот град.

Тој ги пренамени средствата од дневниците од првото службено патување за да купи три садници и да ги посади во своето маало. Притоа, предизвика уште три лица да го сторат истото.

Одлучив дневниците од моето прво службено патување да ги потрошам за садење на три дрва во паркот кај мене во маало. Ова ќе продолжам да го правам и во иднина. Бидејќи сам не можам многу да сменам, решив да ги предизвикам Dimitar Kovacevski, Veland Ramadani и Ljupcho Nikolovski, да ми помогнат заедно да го зазелениме Скопје.
Треба да насадите по некое дрво, да ставите слики на Фејсбук и да предизвикате по тројца ваши пријатели да засадат дрва, па тие тројца по уште тројца и со заеднички сили да покажеме дека се грижиме за својата околина.
Со ќерка ми сме многу благодарни на екипата која денес ги посади дрвата. Да оставиме подобра иднина за нашите деца.” – објави Колемишевски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Тимот на Банкарство го поздравува овој чекор и преку промоција на оваа иницијатива се надева дека истата ќе се развива се до исполнување на иницијалната намера од страна на нејзиниот креатор.

Фотографиите се преземени од Фејсбук профилот на заменик министерот за економија, г-дин Кирил Колемишевски.

Business Man

Максим Максимовиќ [Џангл Травел Македонија]: Патувајте со нашето насмеано племе по целиот свет

Објавено

на

Џангл Травел од Србија – регионален лидер во далечни патувања деновиве отвори канцеларија во центарот на Скопје и по повод отворањето подарува патување на Бали. Џангл Травел веќе 15 години постои во Србија, а последните неколку години е апсолутен лидер во далечни патувања во нашиот регион. Со свои канцеларии во Белград, Нови Сад, Подгорица, Сараево, Загреб, а од неодамна и во Скопје, Jungle Tribe е несекојдневна агенција која на луѓето сака да им овозможи поразличен вид на патувања. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Шекил Онил со неверојатна приказна за заштеди и инвестиции – Како до финансиски шампион?

Објавено

на

Легендарниот НБА кошаркар Шекил Онил кој доминираше во својата ера како еден од најмоќните центри, денес е успешен бизнисмен со огромно богатство вредно над милијарда долари. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Интервју со Јоцо & Богдан, креатори на мобилната апликација “BonusCard”

Објавено

на

Секој од нас, барем еднаш во животот бил револтиран поради фактот дека во секојдневието располагаме со 10-тина картички (за попуст, за собирање на поени, дебитни, кредитни картички, итн) кои ни зафаќаат драгоцен дел од паричниците. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange