Останато
Кире Наумов: Следната недела очекувам исплата на првите бескаматни кредити


Кире Наумов, директорот на Развојната банка на Северна Македонија, очекува следната недела до засегнатите претпријатија-апликанти да се исплатат првите бескаматни кредити. Кредитите ќе се одобруваат со рок на отплата до 2 години со вклучен грејс период од 6 месеци со намена за обртни средства. Првите апликации од 1.263.079 евра веќе се одобрени од Владата. Наумов за „Фактор“ вели дека интересот е огромен, а безмалку сите претпријатија имаат до 50 вработени.
„Можам да споделам дека интересот досега е одличен. Пред два дена за првпат доставивме до Владата информација со 136 обработени кредитни апликации за исто толку компании што вкупно имаат 1.737 вработени. Кредитните апликации се работат тековно, очекуваме најмалку еднаш неделно да доставуваме вакви информации до Владата за да бидат одобрени и да можеме да склучуваме договори со компаниите. Исплатите за оваа прва група ги очекуваме веќе следнава недела.
Она што сметам дека е особено важно е дека од овие 136 компании – 96 отсто се однесуваат за компании што вработуваат до 50 вработени. Или, да бидам уште попрецизен 89 од 136 компании што се предложија на првото одобрување се микро компании кои имаат до 10 вработени. Во оваа група одобрени апликации, има застапено од 30 тина градови во земјата, од сите дејности што ги таргетиравме – транспорт 65 компании, угостителство 60 компании и туризам 11 компании“, вели Наумов.
Целосната објава погледнете ја ТУКА.
Останато
Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023


Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023, соопшти Министерството за финансии. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи што треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.
Останато
ММФ ја зголеми прогнозата за годинешниот глобален раст на 5,5 проценти


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата на глобалниот раст за 2021 година за 0,3 проценти, на 5,5%, изјави главната економистка на ММФ, Гита Гопинат при претставувањето на јануарскиот извештај „Светски економски изгледи 2021 година“. (more…)
Криптовалути
Биткоинот стана долгорочна инвестиција!?


Биткоинот достигна рекордни 42.000 долари на 8 јануари, но во последните денови направена е значителна корекција, бидејќи најпознатата криптовалута почна да ја губи својата вредност. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!