Connect with us

Платежни картички

Кинески Унионпеј ќе биде замената за Мастеркард и Виза во Русија

Објавено

на

Виза и Мастеркард соопштија дека ги прекинуваат нивните активности во Русија. Се очекува ова да биде еден од најсилните удари врз руските граѓани, во нивното секојдневно функционираање и да биде една од најтешките економски санкции врз земјата.

Но, Русија очигледно подолго време се подготвувала за оваа можност, бидејќи руските банки објавија дека имаат разработено свои, домашни форми на електронско банкарство. Банката „Сбербанк” најави дека ќе ги замени картичките „Visa” и „Mastercard” со системот МИР, кој го има развиено во соработка со кинеската „UnionPay”.

„UnionPay” веќе неколку години ги има надминато „Visa” и „Mastercard” по обемот на трансакции кои ги врши, со картички или во електронско банкарство. Но, компaнијата досега скоро и да не работела надвор од Кина и ќе се соочи сериозен тест дали може преку ноќ да го покрие и рускиот пазар.

Русија веќе се обидува загубените пазари во Европа и САД да ги замени со поголема трговска размена со Кина, Пакистан, Иран и Индија, во надеж дека ќе биде дел од голем, нов економски блок на Евроазија.

Платежни картички

Mastercard кредитни картички од Комерцијална банка без надомест за аплицирање

Објавено

на

Дозволете си повеќе со кредитните картички од Комерцијална банка, кои до 15.06.2023 година може да ги добиете и без надомест за аплицирање и обработка на барање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„ШТЕДИ И КОГА ПЛАЌАШ“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички

Објавено

на

Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – Штеди и кога плаќаш. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од 24.04.2023 година својата палета на платежни картички ја дополнува со нова кредитна платежна картичка Visa Travel. (more…)

Продолжи со читање

Популарно