Останато
Кинеската економија со раст од 12,7 во првата половина од годинава

Кинеската стапка на економски раст во првата половина на оваа година беше 12,7 проценти, се вели во извештајот на Централното биро за статистика на Народна Република Кина објавен денеска.
„Според прелиминарните проценки, кинескиот БДП во првата половина на 2021 година беше 53,2 трилиони јуани (околу 8,24 трилиони американски долари по тековниот курс), што претставува годишен пораст од 12,7 проценти. Во првиот квартал, растот беше 18, 3 и други 7,9 проценти“, се вели во извештајот.
Според објавениот документ, кинескиот земјоделски сектор пораснал во првата половина на годината во споредба со истиот период минатата година за 7,8 проценти, индустријата за 14,8 проценти и услужниот сектор за 11,8 проценти.
Економскиот раст на Кина постепено се забавува. Во 2018 година беше 6,6 проценти, а во 2019 година шест проценти. Во 2020 година, како резултат на негативното влијание на пандемијата, растот беше најслаб од 1976 година, 2,3 проценти.
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
Останато
Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)
Останато
Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје