Connect with us

Криптовалути

Кинеската дигитална валута во фаза на тестирање, ќе се пушти во употреба за Олимпијадата

Објавено

на

Кинеските планови за дигитална валута добиваат на интензитет, при што тестирањето се одвива во четири градови, а се појавуваат информации кои велат дека во тестирањето ќе учествуваат и големите играчи на пазарот како Старбакс и Мекдоналдс.

Кинеската државна новинска агенција „Xinhua“ соопшти дека пилот тестирањето на дигиталниот јуан ќе биде од затворен карактер и ќе се спроведе во Шенжен, Сужоу, областа Ксионган и Ченгду.

Во последната фаза од процесот на тестирање, учесниците ќе тестираат мобилна апликација за складирање и размена на дигиталната валута заради подобрување на нејзината функционалност.

Народната банка на Кина потенцира дека дигиталната валутата е сè уште во фаза на тестирање, но најави дека можна временска рамка за лансирање би можеле да бидат Зимските олимписки игри во 2022 година што ќе се одржат во Пекинг.

Во меѓувреме, локалните медиуми тврдат дека банките, „Ant Financial” (фирмата која стои зад Алибаба), „Tencent” и група трговци, вклучувајќи ги „McDonalds”, „Starbucks” и „Subway”, ​​се состанале да се договорат за тестирањето на валутата.

Минатата година, заменик директорот на „People’s Bank of China”, Му Ченгчун, рече дека новата дигитална валута ќе биде прифатлива за употреба на големите платформи за плаќање и мрежите за е-трговија, како што се „WeChat”, „TenCent” и „AliPay”.

Криптовалути

Започнува со работа првата крипто-берза во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Првата крипто-берза во БиХ ќе започне со работа на 14 септември. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Пазарот на криптовалути под притисок

Објавено

на

Пазарот на криптовалути деновиве беше под огромен притисок. Криптовалутата етериум падна за 35 проценти за неколку дена, а биткоинот се намали под 10.000 долари откако надмина 12.000 долари пред неколку дена, граница што упорно беше голема пречка за биткоинот оваа година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Оптимизам на аналитичарите или реалност – биткоинот ќе достигне вредност од 500.000 долари!?

Објавено

на

Гувернерот на американската централна банка, Џером Пауел, изјави дека ФЕД ќе дозволи инфлацијата да се искачи на над два проценти. Централната банка на САД ќе го стори тоа за да може економијата да создаде што е можно повеќе работни места. (more…)

Продолжи со читање

Популарно