Connect with us

Странски банки

Кина ќе ги затвори биткоин-берзите доколку не ги почитуваат прописите

Објавено

на

Централната банка на Кина ги предупреди домашните берзи кои тргуваат со биткоинот дека ризикуваат да бидат затворени доколку не ги почитуваат строгите прописи на регулаторите.

Ова предупредување доаѓа во момент кога тамошните регулатори се обидуваат да го спречат одливот на капитал од земјата, но и стравот од понатамошното слабеење на јуанот.

 

Од Народната банка на Кина соопштија дека доколку се утврди кршење на прописите околу таа валута во земјата, банката сериозно ќе реагира и инспекција ќе ја затвори таа берза.

 

Побарувачката за виртуелни валути, особено биткоинот, е во пораст во Кина во последните неколку месеци, а тоа е резултат на недовербата во стабилноста на домашната валута. Во моментот, биткоинот вреди околу 1.060 долари.

Странски банки

ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза

Објавено

на

Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политикитепо повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Објавено

на

Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот раст од 4,1 на 3,2 проценти

Објавено

на

Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот раст во 2022 година за речиси цел процент, од 4,1 на 3,2 отсто, поради влијанието на руската инвазија на Украина, изјави претседателот на таа меѓународна финансиска институција Дејвид Малпас. (more…)

Продолжи со читање


Популарно