Connect with us

Странски банки

Кина наскоро ќе ја лансира своја криптовалута ChinaCoin

Објавено

на

Кинеската народна банка објави дека нејзините виртуелни пари наскоро би можеле да се најдат во оптек. Новата ChinaCoin нема да биде класична криптовалута, затоа што е развиена од страна на Кинеската народна банка со поддршка на комерцијалните кинески банки, па не функционира како биткоин и сличните дигитални валути, иако делумно се потпира на блокчеин технологијата.

Со други зборови, иако Кинеската народна банка ја најави својата дигитална валута како „голема работа“ за паричните трансакции во Кина, тоа не значи дека ќе ја создаваат „рудари“, туку ќе се работи за дигитални пари кои ќе ги издаваат банките под контрола на државните институции, на потполно ист начин како што го пуштаат јуанот во оптек. Разликата е во тоа што нема да ги печатат.

Имајќи ја предвид прилично големата блокада на информации кои доаѓаат од Кина, се уште не се познати детали за овие дигитални пари. Причината за овој потег на Кинеската народна банка може да се бара во незадоволството на дел од кинеската економија “заради пореметување на валутниот пазар предизвикано од криптовалути“.  Втората причина е настојувањето на Пекинг да развие систем на дигитални пари кои може да се контролираат и со тоа да се намали зависноста од странски технологии.

Според она што досега е соопштено дигиталната валута треба да ја замени  готовината во оптек, но не и  орочените депозити што би создало кредитна сопсобност и би влијаело на монетарната политика. Дигиталната валута исто така би ја поддржала циркулацијата и интернационализацијата на јуанот.

Кинеската централна банка веќе пет години работи на проектот – дигитална валута.

Странски банки

Буџетот на Русија поради пандемијата бележи загуба од 14,2 милијарди долари

Објавено

на

Заменик-министерот за финансии на Русија, Владимир Количев, изјави дека рускиот федерален буџет забележа загуба од повеќе од 1.000 милијарди рубли (околу 14,2 милијарди долари) како резултат на пандемија на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Германија ја зајакнува контролата по скандалот со „Wirecard“

Објавено

на

Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц изјави дека сака да воведе промени во системот на надзор на финансиската индустрија во Германија. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Чакрабарти заминува од функцијата претседател на ЕБОР

Објавено

на

Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти се повлекува од функцијата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно