Connect with us

Странски банки

Кина истура милијарди во банките – Се поблиску до договор со Трамп

Објавено

на

Кинеската централна народна банка испумпа нови 2 милијарди долари во домашните комерцијални банки со цел да ја зголеми нивната ликвидност како што ќе се зголемува потребата од кеш во економијата.

Со новиот свеж капитал пласиран преку среднорочни државни заеми Кина се обидува да ги одржи каматните стапки на ниво до 3.5% при што компаниите и населението ќе бидат мотивирани повеќе да трошат и да инвестираат, а пак банките ќе имаат простор за повеќе пласмани на пазарот.

Исто така поддршката на банките доаѓа во пресрет на кинеската нова година кога се зголемува потрошувачката. Според актуелните движења на каматните стапки овој потег на кинеската влада засега е позитивно оценет но, мора да го следи и поголемо опоравување на кинеската економија која во ноември по подолго време покажа стабилни стапки на раст.

Од друга страна од голема важност ќе биде првата фаза во спроведување на трговскиот договор меѓу Кина и САД по долгата “војна” која ја започна претседателот Трамп. Со новите трговски односи Кина ќе треба да се согласи да го зголеми увозот на соја и свинско месо од САД, а ќе добие поповолни тарифи за извоз.

Кина ќе треба да се обврзе на почитување на интелектуална сопственост, односно да не копира индустриски дизајни на американски производи и да биде поотворена за технологијата која ја развива.

Досега централната народна банка на Кина во домашната економија преку банките “истури” 47 милијарди долари годинава.

Странски банки

Сбербанк се фокусира на е-трговијата како најголем извор на приходи!?

Објавено

на

Најголемата руска банка „Сбербанк” очекува да генерира повеќе од половина од своите приходи во сектори надвор од нејзината основна деловна активност до 2030 година, најавувајќи фокус на е-трговијата. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

JP Morgan Chase е доминантна банка на пазарот на благородни метали

Објавено

на

Во текот на 2020 година, „JP Morgan Chase” имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

#EdgarsChristmas (Божиќот на Едгар): Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

Објавено

на

Веќе трета година по ред, Групацијата Ерсте подготви анимирана реклама посебно наменета за божиќните празници, што несомнено ќе Ви го привлече вниманието со својата креативност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно