Connect with us

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице.

Ова било направено преку т.н „црвени коверти“, на начин на кој кинеските технолошки компании им донираат средства на своите корисници во дигиталното опкружување, како што се „WeChat” и „Alibaba”.

Кинескиот јуан иако е дигитален, не е криптовалута, бидејќи е издаден и управуван од централната банка на Кина.

Дигиталниот јуан ќе служи како легална, дигитална верзија на кинеската физичка валута, давајќи му на Пекинг подобар увид во тргувањето со валути. Ова не е идеја оваа дигитална валута да ги замени апликациите за плаќање како што се „WeChat Pay” и „Alipay”, кои веќе одлично функционираат во Кина, туку да го надополни нивното присуство и да ја зајакне конкуренцијата.

На пример, централната влада може во иднина да издава субвенции за локалните канцеларии со плаќање во дигитални јуани, што може да помогне во решавање на проблеми како што е корупцијата.

Криптовалути

Бесими: Користењето на „крипто валутите“ ќе се уредува со закон

Објавено

на

„Користењето на виртуелните средства со вредност познати како „крипто валути“ ќе се уредува со закон. Во моментов Министерството за финансии заедно со Управата за финансиско разузнавање како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти што произлегуваат од овој нов феномен. Решенијата ќе бидат имплементирани во новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на настанот организиран по повод означување на почетокот на проектот „Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање на Република Северна Македонија“, финансиран од Кралството Холандија. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Започнува со работа првата крипто-берза во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Првата крипто-берза во БиХ ќе започне со работа на 14 септември. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Пазарот на криптовалути под притисок

Објавено

на

Пазарот на криптовалути деновиве беше под огромен притисок. Криптовалутата етериум падна за 35 проценти за неколку дена, а биткоинот се намали под 10.000 долари откако надмина 12.000 долари пред неколку дена, граница што упорно беше голема пречка за биткоинот оваа година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно