Connect with us

Останато

КИНА ГИ НАДМИНА САД – Прими најмногу странски директни инвестиции

Објавено

на

Покрај забрзувањето на економската активност во Кина, со што практично ги „престигна“ Соединетите држави и полека, но сигурно станува светска економски сила број еден, оваа земја минатата година ги надмина САД и во друга област и стана земја што доби најмногу странски директни инвестиции (СДИ).

Минатата година беа инвестирани 163 милијарди долари во Кина, додека САД мораа да се задоволат со инвестиции од 134 милијарди долари, покажуваат податоците на „УНКТАД” објавени во неделата.

Заради споредба, во 2019 година, САД добија 251 милијарди долари инвестиции, а Кина 140 милијарди долари, пренесува „Seebiz”.
Генерално, извештајот открива дека странските директни инвестиции опаѓаат на глобално ниво поради пандемијата на коронавирусот.

Странските директни инвестиции (СДИ) паднаа за 42 проценти во 2020 година, на 859 милијарди долари, што е пад од неверојатни 30 проценти под нивото од финансиската криза во 2009 година.

Минатата година развиените земји беа погодени повеќе од таканаречените земји во развој. Инвестициите во САД паднаа за 49 проценти, нешто помалку од просекот на развиените земји од 69 проценти.

Странските директни инвестиции (СДИ) во земјите во развој паднаа за релативно умерени 12 проценти.

Останато

БДП на САД се намали за 2,4 проценти во последниот четврти квартал од 2020 година

Објавено

на

Американската економија се намали за 2,4 проценти во четвртиот последен квартал од 2020 година, објави во четвртокот Министерството за трговија, што е малку подобро од проценката во јануари за падот на активноста од 2,5 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Средба Бесими – Вархеи: Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан ќе го трансформира регионот и ќе овозможи побрз економски раст

Објавено

на

Планот за опоравување од кризата предизвикана од ковид-19 и забрзан економски раст, Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан и планот за Заеднички регионален пазар, а чија реализација ќе го трансформира регионот, што ќе води кон посовремени, позелени и подигитални економии како и подобра поврзаност со единствениот пазар на ЕУ, беа тема на дискусија на средбата во Брисел помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Средба на министерот Бесими со еврокомесарите Хан и Џентилони: Исполнети условите за втората транша од 80 милиони евра за надминување на кризата

Објавено

на

„Исполнети се условите за добивање на втората транша од 80 милиони евра од макрофинансиската помош од Европската Унија во вкупен износ од 160 милиони евра, а кои се наменети за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот. По добивањето на одобрението од Европската комисија, Министерството за финансии ќе испрати барање за исплата на втората транша. Воедно, во првата половина на март ќе поднесе барање за исплата на втората транша во износ од 8 милиони евра од Договорот за отпорност на ЕУ, а којашто се надеваме дека ќе ја добиеме до крајот на наредниот месец“, информира министерот за финансии, Фатмир Бесими, на средбата со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан и со еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони, којашто се одржа во Брисел. (more…)

Продолжи со читање


Популарно