Connect with us

Странски банки

Кина вбризга 58 милијарди долари во финансискиот систем

Објавено

на

Кинеската централна банка инјектира околу 58 милијарди американски долари во домашниот финансиски систем, пренесува „Bloomberg“.

Во изјавата на Централната банка се вели дека биле инвестирани 250 милијарди јуани во финансискиот систем на земјата со каматна стапка од 2,65 проценти.

Се тврди дека финансиската „инфузија“ на пазарот ќе доведе до ликвидност на банкарскиот систем, пред пролетниот фестивал на 25 јануари, кога во Кина се слави Кинеската Нова Година.

Процесот е завршен преку „реверзна репо аукција“ или со купување краткорочни обврзници од одделни трговски банки со цел да им се обезбеди на банките повеќе готовина за кредитирање.

Странски банки

Тинејџери ќе може да користат дебитни сметки преку Venmo

Објавено

на

Популарната апликација за парични трансакции Venmo развива нова услуга за корисниците која најверојатно ќе се нарекува Delegate. Идејата на новата секција на стартапот кој е во сопственост на PayPal е да им овозможи на тинејџерите да имаат сопствени дебитни сметки за располагање со средствата.

Дебитните сметки ќе може да ги отвори родител или старател за тинејџери кои се малолетни. Преку опцијата Delegate на Venmo ќе може да постават дневни лимити за трошење на средствата.

Од друга страна пак, тинејџерите како носители на дебитните сметки ќе може да ја проверуваат состојбата на средствата, како и да прават преглед на извршените трансакции. Venmo е одличен сервис за поделба на сметка во ресторан или кафе бар со тоа што корисниците може разликата директно да си ја префрлат на картичка.

Продолжи со читање

Странски банки

Државната банка на Виетнам со драстични мерки против епидемијата од коронавирусот

Објавено

на

Централната банка на Виетнам им нареди на комерцијалните банки да ги елиминираат, намалат или одложат каматните исплати на кредити од компании кои се соочуваат со значајни загуби како резултат на појавата на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Словенечката НЛБ Банка ја презема најголемата српска банка

Објавено

на

Според „Вечерни новости“, српската влада донела одлука да ја прифати понудата на словенечката Нова љубљанска банка (НЛБ) за преземање на најголемата српска државна банка Комерцијална банка а.д. Белград. (more…)

Продолжи со читање

Популарно