Connect with us

Сметки

КИБС спроведува дигитализација во работењето и 24/7 достапен платен промет

Објавено

на

IBM објави денес дека компанијата Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС), оператор за платен промет од Македонија во сопственост на 12 банки, одлучи да го трансформира своето работење во „дигитална фабрика“ на финансиски услуги со примена на решенијата за јавни и приватни „облак“ системи на IBM.

Во време кога земјите од Западен Балкан живеат во нова надеж за брза интеграција во Европската унија, компанијата КИБС одлучи да биде проактивна и веднаш да воспостави 24часовна достапност до македонскиот систем за платен промет и да спроведе дигитализација на работењето. Дополнително, со тоа, КИБС ќе го подобри и прошири опсегот на своите услуги. За да го постигне тоа, компанијата КИБС го инсталираше IBM Cloud Private решението. Изграден врз основа на технологија за софтверски контејнери со отворен код, IBM Cloud Private може да се инсталира на различни деловни системи и да послужи како алатка за креирање на приватни „облак“ окружувања со иста архитектура и еднакви можности како што има и во јавните IBM Cloud окружувања.

Имено, IBM Cloud Private е платформа со повеќе интегрирани облак-мрежи, а дизајнирана е така што на компаниите, независно од нивната големина, „облакот“ им е ценовно достапен и поедноставен за употреба. Станува збор за флексибилно и безбедносно добро заштитено окружување каде се изведуваат комплицирани, иновативни апликации.

IBM Private Cloud нуди и флексибилност во работата и сигурен безбедносен надзор, карактеристики кои, со доверливоста и усогласеноста со регулативите, се исклучително важни за компаниите од финансиската индустрија. Со примена на IBM Private Cloud решенијата, компанијата КИБС се усогласи со регулаторните и безбедносните стандарди и доби платформа за брз развој на своите дигитални услуги.

Дигитализацијата навестува темелна трансформација на индустријата на финансиски услуги во Европа, соодветно на тоа и ние мораме да се приспособиме со цел да ги намалиме трошоците на работењето, да ги намалиме ризиците и да го подобриме искуството на нашите корисници“, изјави Горан Анастасовски, Генерален директор на КИБС. „Со избирање на решенијата на IBM Cloud Private меѓу конкурентските понуди, верувам дека подобро се позициониравме и постигнавме подобра соработка внатре во екосоставот на организациите во нашата земја, а ќе можеме и беспрекорно да спроведуваме интеракции помеѓу разните онлајн канали. Тоа решение ќе ни помогне и за подобро усогласување со новите прописи што ги поставува интеграцијата со ЕУ“.

Како дел од договорот, КИБС, во соработка со компанијата Интек Систем, бизнис партнер на IBM, ќе ги консолидира и трансформира своите постоечки ресурси и ќе ги трансформира во „дигитални фабрики” – погон кој ќе биде способен да создава современи апликации и ефикасно да управува со „облак“ услугите. Трансформацијата треба да резултира со побрзо производство на нови дигитални производи, намалување на времето на излегување на пазарот од сегашните осумнаесет на три до четири месеци и истовремено оптимизирање на оперативните трошоци.

Финансиските установи во Југоисточна Европа се повеќе се вртат кон платформите и ‘облак’ услугите на IBM, како решенија кои им овозможуваат иновации“, изјави Мајкл Пејер, Главен извршен директор на IBM за Југоисточна Европа. „Со инсталирање на IBM Cloud Private решението, компанијата КИБС ќе може подобро да ги искористи предностите на мобилните технологии, да ја зајакне безбедносната заштита, а сето тоа со оптимален трошок што ќе овозможи одржлив раст на бизнисот.”

Повеќе од 150 клиенти веќе работат на IBM Cloud Private облакот. Меѓу нив се и бразилската банка Брадеско, финската осигурителна куќа Илмаринен и македонската платежна компанија КИБС.

Домашни банки

Стопанска банка АД Скопје воведува надоместоци на девизни сметки на правни лица

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје ги известува клиентите дека од 01.07.2018 година воведува надоместоци на девизни сметки на правни лица-резиденти и нерезиденти. (more…)

Продолжи со читање

Сметки

Осигурување на пречекорување на сметка од Охридска Банка

Објавено

на

Охридска банка во соработка со осигурителната компанија Граве, Ви овозможува осигурување на пречекорување на сметката.

Во случај на осигурен настан, осигурителната компанија ќе ги подмири обврските од пречекорувањето на Вашата сметка кон Банката.

Покриени ризици:

  • смрт како резултат на несреќа и на болест;
  • трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќа.

Начин на плаќање:

  • Премијата изнесува 0,37 ЕУР месечно, фиксен износ пресметан во денарска противвредност според средниот курс на денот на месечните пресметки;
  • Премијата се пресметува и се наплатува на месечна основа од трансакциската сметка на клиентот.

Клучни предности:

  • поголема сигурност – осигурувањето на пречекорувањето овозможува посигурна иднина, бидејќи знаете дека сте заштитени ако се случи нешто непредвидено;
  • заштита на семејството од оптоварување со долгови на најблиските;
  • брзо и лесно аплицирање – одобрување во рок од еден ден;
  • едноставен начин на плаќање – месечна наплата директно од трансакциската сметка на клиентот;
  • иновативна услуга како дел од банкарските продукти за првпат на пазарот.

Како да аплицирате?

Во која било експозитура на Охридска банка, членка на Групацијата „Сосиете женерал“.

Продолжи со читање

Домашни банки

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА: Од 30 април 2018 започнува исплатата на дивиденда за 2017 година

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 30 април 2018 година ќе врши исплата на дивиденда за 2017 година.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange