Connect with us

Колумни

“Кешот” останува крал за перење пари

Објавено

на

Речиси сите криминални активности даваат профит, честопати во готовина. Затоа криминалците бараат начини истите да се перат преку најразлични начини. Ова се спроведува од страна на транснационални групи на организиран криминал, без оглед на нивното етничко потекло или географската локација. Активностите за перење пари се толку раширени од релативно едноставна причина: Организираниот криминал е деловна активност која работи за финансиска корист.

Многу студии покажуваат дека готовината останува најдобар избор на криминалците за олеснување на перењето пари, и покрај брзото менување на лицето на криминалитетот и порастот на компјутерскиот криминал. Иако не е нов концепт, фактот дека криминалците работат со профит е нешто што не е целосно преточено во пристапот кон решавање на сериозен и организиран криминал. Од низа причини, пресудите за перење пари и напорите за враќање на средства остануваат во голема мера недоволно развиени во ЕУ.

Парите обично се вклучени во фазата на пласман, но исто така играат улога и во фазите на прикривање и интеграција во процесот на перење пари.

Извештаите во Европската Унија укажуваат на тоа дека употребата на готовина е сè уште главната причина што предизвикува сомнителни извештаи за трансакции во рамките на финансискиот систем, и истите претставуваат повеќе од 30% од сите извештаи.

Употребата и користењето на готовината за плаќање е најлесен начин да се прикрие активноста поради која дошло до плаќање и да се избегнат законските обврски. Користењето на готовина врши стимулирање на шверцот, сивата економија, даночната евазија итн.
Криминалните групи кои се занимаваат со нелегални активности, нормално, сакаат да уживаат во плодовите кои што се родени од својот криминал. За да средствата кои што се нелегално стекнати се внесат на безбеден начин во системот на финансиските институции тие користат најразлични начини како: поделба на средствата на помали износи, подигнување на кредити обезбедени со депозити итн.

Употребата на готовина, доколку не биде ограничена со одредени „правила на игра“, може да доведе до експанзија на даночната евазија и перењето пари. Тоа би можело негативно да се одрази врз самите финансиски институции; да се намали продуктивноста во реалниот сектор преку несоодветно диверсифицирање на ресурсите и да доведе до зголемување на криминалот и корупцијата кое што пак допринесува за успорување на економскиот раст и разорување на меѓународната трговија и движењето на капиталот. Даночната евазија која што е производ на негативно стекнатите пари исто така негативно влијае и врз висината на приходите во буџетот на државата. Во таков случај државата ќе биде принудена да бара алтернативни извори на финансирање т.е извори на финансирање преку задолжување на домашниот и странскиот пазар.

Заради ограничување на овој начин на внесување на нечистите пари во финансискиот систем, банките имаат воведено системи и низа правила и процедури со кои што се прикажуваат одредени алерти, дека одреден клиент врши повеќе готовински уплати на мали износи кои што се под границата за доставување на извештаи до регулаторните органи, дека одреден клиент врши предвремено отплаќање на големи износи на кредити итн.

Исто така, банките вршат утврдување на потеклото на средства кои клиентите ги уплаќаат над одредени износи со доставување на соодветна документација се со цел поткрепување на начинот на кои се стекнати истите. Меѓутоа во овој случај се јавува одреден проблем и ранливост на банкарскиот сектор кој што ја зголемува можноста за инволвирање на финансиските институции во самиот процес на перење пари. При внесувањето на готовината, банките не секогаш се во можност да го испитаат потеклото на парите. Најпрво оваа функција мора да биде доверена на државните органи (управа за јавни приходи, финансиска полиција итн.), а банките да бидат последната контрола пред внесувањето на готовината.

Како еден од чекорите коишто се превземаат од страна на државата заради приближување на нашата земја кон европските стандарди и национално законодавство а со цел борба против сивата економија и негативните последици кои произлегуваат од даночната евазија и перењето на пари е ограничувањето на готовинските трансакции извршени надвор од банка, штедилница или друга институција која дава платежни услуги. На овој начин во значителна мера ќе се спречат и ограничат девијантните појави во општеството.

Заради ограничувањето на користење на готовина (која што може да е производ на одредена нелегална активност), државата и финансискиот сектор во иднина мора да имаат уште поголема соработка од аспект на утврдување на вистинските начини за откривање на нелегалните средства, поголема комуникација и контрола на потеклото на средствата и од државните институции и од финансискиот сектор и по ажурно утврдување на сомнителност и доставување на извештаи од страна на финансиските институции како и ажурност од страна на институциите на државата со цел санкционирање на лицата кои имаат нелегални приходи.

Христијан Блажовски – специјалист за спречување перење пари

Колумни

Криминалците ја користат кризата Covid-19 за финансиски криминали

Објавено

на

Пандемијата COVID-19 доведе до невидени глобални предизвици, човечко страдање и економско нарушување. Огромен број на канцелариски работници на глобално ниво може да работат од дома, вклучително и до 90% од банкарските и осигурителните работници. Повеќето од овие вработени се најавуваат на системите на нивните фирми од далечина, присуствуваат на состаноци користејќи ја технологијата, и имаат пристап до податоци кои што не се јавни преку Интернет – понекогаш преку домашни компјутери и приватни уреди. Бидејќи клиентите на повеќето финансиски институции, исто така, остануваат дома, вршењето финансиски трансакции преку Интернет станува не само погодност, туку и неопходност. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

НЕДЕЛА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА: Дигитална трансформација – прашање на избор или фундаментална деловна стратегија

Објавено

на

Последната деценија докажа дека дигиталната трансформација е неопходност за едни, комерцијално привлечна за други – но во секој случај предизвикувачка за сите. Имајќи го ова во предвид, што мислите, што ја прави транзицијата полесна за некои компании од останатите? (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Филип Симеонов: Ризикот од користење на ZOOM апликацијата во банкарскиот сектор

Објавено

на

Во моменти на изолација и рестриктивни мерки за движење и регуларно работење, дојдовме во ситуација во која сме приморани да работиме од дома и сите наши бизнис состаноци да ги одржуваме со употреба на некоја од новите технологии, односно преку теле-конференции и одржување на видео повици. На тој начин го продолжуваме текот на работењето и сме продуктивни колку што истото ни дозволува. (more…)

Продолжи со читање

Популарно