Connect with us

Компании

Квалификувани сертификати за безбедно дигитално работење

Објавено

на

Секоја компанија којашто решава да го започне процесот на дигитализација има иста цел – да ја унапреди работата и ефикасноста, а истовремено да обезбеди сигурност и заштита на податоците и документите. Квалификуваните сертификати за електронски потпис и печат овозможуваат електронско потпишување документи со највисоко ниво на заштита и доверба.

Сѐ повеќе бизниси и поединци користат електронски потписи и услуги за доверба, а со зголемениот број на владини услуги достапни дигитално, се очекува да има и постојан раст на користењето на електронските потписи, како и на електронските печати.

Потенцијалот на овие доверливи услуги е голем и време е истите да ги имплементирате во работењето на вашата компанија и да стекнете предност пред конкуренцијата. Следната одлука којашто стои пред вас е изборот на соодветен и доверлив партнер за дигитализација, којшто ќе ви помогне да го поставите бизнисот на едно повисоко ниво и ќе ги увери клиентите дека можат да се потпрат на вас и да ви веруваат. Електронскиот потпис и печат како доверливи услуги ги нуди Македонски Телеком и се базираат на Квалификуван сертификат којшто го потврдува вашиот идентитет во работата со електронски документи.

Македонски Телеком е Квалификуван давател на доверливи услуги и го носи знакот за доверба којшто гарантира дека услугите за доверба што ги нуди компанијата ги исполнуваат правилата утврдени со домашната и европската законска рамка.

Изборот на вистинскиот деловен партнер ќе ви помогне полесно да ги исполните вашите цели. Одберете мудро и подгответе се за новиот бран на дигитална револуција во бизнисите.

Компании

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

Објавено

на

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)

Продолжи со читање

Компании

АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)

Продолжи со читање

Компании

ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Објавено

на

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)

Продолжи со читање

Популарно